0,00 ден

No products in the cart.

Фетел организираше картинг трка само за жени

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

По загриженоста околу рамноправноста на половите во Саудиска Арабија, Себастијан Фетел имаше шанса да научи “од прва рака“ во пресрет на трката во Џеда преку организација на картинг трка само за жени.

Возачот на Астон Мартин е доста активен годинава во промоција на еднаквостите и отворено зборува за проблемите кои се појавуваат во општеството. Овој пат, наместо само да зборува тоа што го мисли, тој го искористи своето присуство во Кралството за подобро да ја разбере ситуацијата.

Четирикратниот првак изјајмил локална картинг патека и поканил локални жени возачи за да може да го чуе нивното мислење за ситуацјијата во државата.

јасно е дека многу се зборуваше во пресрет на оваа трка за еднаквоста затоа што сме прв пат во саудиска арабија. има прашања кои сам си ги поставував и размислував што можам да направам за д помогнам. многу внимание е насочено кон негативни примери кога се работи за недостатоците во некои земји, на пример околу човековите права и случни работи, но јас се обидов да размислувам позитивно.

оранизирав мој картинг настан денеска и поканив група од 7-8 девојки и жени кои бе на патеката. направивме убав настан за нив, а јас се обидов да пренесам дел од моето искуство како во животот така и на патеката за да ја засилам нивнат самодоверба – откри фетел.

Земјата дозволи жени да возат последните неколку години, а Себ поканил девојки и жен со различно искуство, од онакви кои се тркале до оние што немаат ниту возачка дозвола.

морам да кажам дека бев инспирира од приказните од инивното минато и позитивно гледам на промените кои се случуваат во земјата. вистина е дека ако гледаме низ призмата на западна европа, има уште многу работи кои може да се подобрат и решат, но вистина е дека некои работи се подобруваат и се прават големи разлики.

на крајот е многу тешко да се дојде во земја каде сте минале само некоку денови и да дадете свој суд, а да не знаете каква е позадината. но, на овој мачин за мене е важно да ги запознаам жените и мислам дека беше ден за паметење и инспиративен настан како почеток на викендот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема