Фетел призна: Морам многу подобро следната сезона

Себстијан Фетел е свесен дека следната година треба да биде многу одобар по неговиот реално кажано лоши перформанси оваа сезона во неговата најлош финиш во Формула 1 кариерата како член на Скудерија ФЕрари.

Крајот на сезоната на германецот му донесе 5то место во возачкиот поредок со 24 поени зад својот колега, Парл Леклер и едно место зад пласманот во 2016 година.

Неговата сезона вклучуваше аматерски грешки во Бахреин и на домашната Монца како и загубена победа во Канада поради пад на концентрација и губење под притисок. Како шаг на тортата беше контактот со Леклер во Бразил.

Запрашн да ги коментира своите перформанси оваа сезона тој изјави:

ја немав сезоната и формата на која се надевав. мислам дека причините се јасни, лекциите се јасни и работата е ние да се осигураме дека сме сфатиле се. како екипа мораме да бидеме многу посилни, а исто и јас како индивидуа морам многу подобро. можам подобро и знам дека оваа сезона не беше добра од мене – објсни себ за британски Sky Sports по трката во абу даби.

Сепак, тој смета дека сезоната не е лоша како што изгледа.

имаше многу мали работи кои веројатно дадоа многу лоша слика на крајот на денот. сепак, знам дека јас сум првиот кој треба да се погледне во огледало ако сум искрено и знам дека можам да бидам многу посилен.

секако дека силно подобрување е цел следната година, силен напредок. се надевам дека ќе имаме силен пакет и е бидеме достојни противници за ред бул и мерцедес за самиот врв.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...