Фетел се надева дека Верстапен ќе стане шампион и ќе одбрани рекордот на Шумахер

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Себастијан Фетел се надева дека Макс Верстапен ќе ја освои титулата оваа сезона и рекордот на Михаел Шумахер ќе остане. 

Во моментов тој е водечки во шампионатот и холанѓанецот е единствениот возач кој може да го запре Луис Хамилтон на патот кон осмата титула. Доколку тој ја освои ќе биде новиот рекордер. 

Фетел уживаше блиско пријателство со Шумахер и сега тој е ментор на неговиот син, Мик. Поради тоа тој дава целосна подршка на Верстапен. 

Среќен сум доколку Макс ја освои титулата оваа сезона. Тоа значи дека Михаел ќе го задржи својот рекорд. Михаел е мојот херој и би бил среќен доколку Макс успее во тоа – појасни четириктатниот првак.

Иако често имаа судари на патеката кога се бореа за титулата во 2017 и 2018 година, Фетел и Хамилтон имаат добри односи. 

Една работа е јасна за мене, доколку Луис ја освои титулата, тогаш заслужува целосна почит. Не знам кој ќе ја освои титулата, но сигурен сум дека јас нема да бидам тој. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема