ФИА го објасни прекршокот на Перез

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Мајкл Маси, Директорот на трка од ФИА, потврди дека Серхио Перез не направил ништо погрешно во борбата со Луис Хамилтон кога тој за малку го промаши столпчето на влезот во боксот. 

На крајот на 34от круг, возејќи еден покрај друг во последните свиоци, Перез отиде прешироко речиси во влезот на боксот и се врати на патеката од погрешната страна, откако Хамилтон буквално го избутка од патеката.

Многумина сметаат дека тој бил во проблеми поради тоа, но сепак според Маси немало потреба од истрага бидејќи тој не се премислил да влезе во бокс, нешто слично на предупредувањето за Хамилтон во Германија во 2018 година. 

Секако го разгледавме, Но според правилата, треба да си од левата доколку сакаш да влезеш во бокс. Немаше ништо погрешно, Само жестока борба помеѓу нив. Ниту еден тим не се побуни – откри директорот за трка.

Преку тимското радио, мексиканецот само се пожали дека бил исфрлен од Хамилтон и беше потврдено дека одлично се бранел. Обично возачите коментираат кога се бранат на патеката, но Маси забележал дека ниту Ред Бул ниту Мерцедес се јавиле на радио за да бараат вина за инцидентот. 

Никој не ми се јави,а  Не го слушаме радиото на секој возач. Тимовите се добри во начинот на разгледување на настаните бидејќи забелешките веднаш стигнуваат. 

По завршувањето на трката, Перез немаше дополнителна забелешка. 

првата серија беше тешка за мене посебно при крајот со Луис. ТОј беше најбрз на патеката и морав да го задржам. Имавме добра борба, Го избегнав столпчето и успеав да останам напред. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема