0,00 ден

No products in the cart.

ФИА потврди дека Ред Бул не се жалеле на неказнувањето на Хамилтон

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

ФИА потврди дека рокот за жалби изминал и дека Ред Бул не поднеле жалба за одлуката да не се казни Луис Хамилтон за непочитување на жолтите знамиња за време на саботната тренинг сесија од Големата награда на Саудиска Арабија.

Актуелниот првак беше пријавен кај стјуардите на Џеда Корниш автодромот по последната тренинг сесија во пресрет на квалификациите под обинение дека не почитувал двојно развеано жолто знаме, но стјуардите решија да не казнуваат затоа што сигнализацијата била уклучена по грешка. Ред Бул најавија дека ќе се жалат, но не го сторија тоа.

Две недели по казната за Макс Верстапен во Катар поради истото обвинение, непочитување на двојно жолто знаме, тимот најави дека ќе се жали што седумкратниот првак не бил санкциониран, тоа го најави шефот Кристијан Хорнер веднаш по одлуката, а пред почетокот на квалификациите.

добро ќе ја проучиме ситуацијата затоа што во моментов изгледа малку неконстантно во однос на претходната трка, но да почекаме, имаме право на жалба.

мораме да ги анализираме сите информации кои ги имаме на располагање. овие одлуки се носат толку доцна, а целата екипа во моментов треба да се насочи на квалификациите, така што ќе видиме потоа. единствено се жалиме на тоа што одлуките не се константни – посочи британецот.

Доктор Хелмут Марко дури отиде дотаму што изјави дека екипата поднела жалба.

макс доби казна од пет позиции во катар, а овдека одеднаш жолтото знаме и не е баш жолто. има целосно поинаква интерпретација, но вака не може да продолжи, ова не е фер.

беше развеано жолто знаме, тоа беше јасно видливо окоу патеката. требаше барем да добијат опоменат. ние се жалевме, но имаме и друга работа.

Рокот за жалба беше до 21.32 часот по локално време, но ФИА потврди дека никој не се пожалил на нивната одлука.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема