0 ден

Нема продукти во Кошничката.

ФИА со новини околу истрагата за Абу Даби

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ФИА објасни што следно ќе превземе во врска со истрагата за финалето од Формула 1 сезоната кое се одржа на Јас Марина во Абу Даби.

Откако Федерацијата една недела по крајот на трката откри дека ќе спроведе целосна истрага за се што се случи кон крајот на трката, немаше никакви информации на што точно се работи. Сепак, ФИА излезе со детална изјава во врска со тоа што се случува и што ќе биде превземено.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Новиот претседател на Формула 1, Мохамед бен Сулајем, лично ќе разговара со екипите и возачите како дел од анализата пред да се донесе заклучокот кој треба да биде презентиран на состанокот на Светскиот Мотор Спорт Совет во Март.

по одлуката на состанокот на светскиот мотор спорт совет во парис на 15 декември лани, ракодовството на фиа на чело со мхамед бен сулајем започна детална анализа на настаните на големата награда на абу даби во формула 1.

претседателот на фиа започна консултации со формула 1 екипите на различи теми, вклучително и оваа.

на 19 јануари, состанокот на советодавниот комитет на фиа ќе се разговара за употребата на безбедносното возило, а потоа ќе следува и разговор со формула 1 возачите.

исходот на деталната анализа ќе биде презентиран пред формула 1 комисијата во февруари, а одлуките ќе бидат објавени на состанокот на светскиот мотор спорт совет на 18 март.

претседателот бен сулајем побара од секретарот и неодамна назначениот одговрен за едноседите, питер бајер, да му даде предлог за ревидирање и оптимизирање на структурата на фиа за формула 1 за претсојната сезона – се вели во соопштението од федерацијата.

Во меѓувреме, Луис Хамилтон го чека исходот од анаизата за да се изјасни дали планира да продолжи во Формула 1 и во иднина или ќе се откаже од тркачката серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Фреитас ќе го има своето деби во Шпанија

Португалецот Едуардо Фреитас ќе го има своето деби како директор на трка за време на Големата Награда...

Мекларен бара транспарентност од ФИА за Ферари

Мекларен побараа целосна транспарентност од ФИА околу деталите за менувањето на подот од страна на Ферари на...

Волф очекува договор помеѓу Хамилтон и ФИА за накитот

Тото Волф очекува дека ќе има договор помеѓу Луис Хамилтон и ФИА околу тековните несогласувања за накитот...