ФИА ја сподели анализата од фаталниот судар на Хубер

Одделот за безбедност при ФИА ја заврши својата истрага во минатогодишниот фатален судар во Формула 2, по која сите инволвирани се сметаат за невиновни при настанот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Антоан Хубер претрпе фатални повреди во верижниот судар на Спа Франкошамп на 31 Август 2019, во кој Хуан Мануел Кореа исто така претрпе сериозни фрактури на нозете. ФИА изврши детална истрага во настанот, вклучувајќи интервјуа, инспекција на физичките докази, анализа на видео записите и проверка на податоците.

Резултатот од истрагата беше објавен во Петок. Нивната истрага се фокусирала на четири болиди кои беа инволвирани во сударот, кој траел 14.6 секунди и ги вклучуваше Хубер, Кореа, Џулиано Алези и Ралф Бошунг. Според извештајот, несреќата започнала кога Алези изгубил контрола над својот болид при излезот од О’Руж во вториот круг од трката. Конечниот заклучок е дека имало загуба на притисок во задниот десен пневматик што довело до губење на контрола кај Алези.

Во обид да го избегнат Алези, следните возачи, Бошунг и Хубер, забавиле со цел да го избегнат болидот, по што жолтото знаме е истакнато од стјуардите 1.8 секунди по ударот на Алези во заштитната ограда, во кој момент дуото позади веќе возеле по својата траекторија. Бошунг забавил понагло одколку Хубер, кој имал контакт со задниот дел од болидот на Бошунг, губејќи го предното крило, што довело до дупнат заден десен пневматик кај Бошунг. Болидот на Хубер потоа се движи кон десно и имал удар во бариерите со брзина од 216 километри на час и сила од 33.7Г, при агол од 40 степени.

Кореа удрил во остатоци од болидот на Алези, по што го загубил предното крило, како и оштетување на предната десна суспензија. Болидот на Кореа продолжил кон десно, надвор од патеката и во просторот каде бил болидот на Хубер. Кореа удрил во левата страна на Хубер при агол од 86 степени и брзина од 218 километри на час.

При ударот, Кореа искусил удар со сила од 65.1Г, додека болидот на Хубер искусил удар од 81.8Г. По ударот, болидот на Хубер бил придвижен со брзина од 105.4 километри на час и удрил во заштитната бариера по вторпат, пред повторно да се врати на патеката. Двојното жолто знаме било веднаш истакнато, следејќи со црвено знаме, додека медицинскиот персонал пристигнал 12 секунди по првиот удар на Алези.

Медицинскиот персонал почнал да се грижи за Хубер 54 секунди по црвеното знаме, Кореа по 69 секунди, додека тимот одговорен за екстракција на возачите се појавил во рамки од 2 минути по првичниот удар. ФИА донесе заклучок дека низа на настани резултирале во комплициран судар инволвирајќи 4 возачи, што на крајот довело до таканаречен “Т удар“ помеѓу болидите на Кореа и Хубер.

Динамиката од удар на болид-со-болид во однос на брзината и траекторијата била таква што довело до трансфер на големо ниво на енергија и до непреживувачка траума кај Антоан Хубер и многу сериозни повреди за Хуан Мануел Кореа.

Нема поединечна причина, но повеќе фактори кои довеле до сериозноста на инцидентот беа идентификувани, следејќи по детална анализа на различните фази од несреќата. Истрагата не најде докази дека некој возач не реагирал коректно при жолтото знаме или условите на патеката. Реакцијата на редарите и контролата на трки при истакнување на сигналите и тимовите за спасување во однос на инцидентот се смета за навремена и добра – гласи дел од истрагата.

Резултатот од истрагата беше одобрен од Комисијата за безбедност при ФИА и беше презентиран пред Светскиот Мотор Спорт Совет. Во меѓувреме, Кореа ја продолжува својата рехабилитација во својот дом во Мајами.

НАЈНОВО

ФИА ја продолжи задолжителната пауза

Меѓународната автомобилистичка федерација ја продолжи задолжителната пауза во која фабриките на екипите мораат да останат “под клуч“ поради пандемијата со Ковид-19. Откако беа откажани првите...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...