Формула Е, Дирија: Победа за БМВ, Мерцедес на подиум во своето деби

Александер Симс стигна до победа со БМВ Андрети на првата трка од новата сезона на Формула Е првенството во Дирија, Саудиска Арабија. Неговиот тимски колега Максимилијан Гунтер беше на второто место во што изгледаше дека ќе биде 1-2 победа за екипата, но доби казна по трката.

По казната на Гунтер, ди Граси од Ауди беше промовиран на второто место, додека Стофел Вандорн од Мерцедес се искачи на трето место во дебито за екипата во ова првенството.

Симс водеше во трката од пол позиција, но иако стартот помина без инциденти, остаток од трката беше постојано под прекини по серија од инциденти. Позади Симс возеше Себастиен Буеми од Нисан е.дамс, следен од ди Граси со Ауди и Феликс да Коста од ДС Течита.

Да Коста, кој претходно го претекне ди Граси во 18от свиок, имаше контакт со Буеми и го изврте возачот. Буеми падна надолу на гридот, но се врати во трката со мошне небезбеден маневар кој ги примора неколку возачи да го избегнат, за што Буеми доби покасно временска казна, додека да Коста мораше да помине низ боксот поради инцидентот.

Во 13от круг да Коста за првпат ја искористи опцијата за напад и го претекна ди Граси, но беше нападнат во првиот свиок од следниот круг, што доведе до уште еден инцидент. Како што ди Граси се блокираше во свиокот, тој беше нападнат од победникот во првата трка, Сем Бирд, кој пак потоа загуби моментум и беше нападнат од Мич Еванс од Јагуар.

Еванс и Бирд имаа судар во свиокот 4, а Еванс покасно доби казна за инцидентот, додека Бирд загуби уште повеќе време откако беше удрен од позади од Паскал Верлејн во следниот свиок и заврши во заштитниот ѕид.

За време на безбедносното возило, предноста на Симс исчезна, но и доведе до уште поголем хаос од повеќе возачи, вклучувајќи го и Симс, кои ја искористија опцијата за напад пред линијата за безбедносното возило. Да Коста забави и го пропушти Симс, но Гунтер надомести неколку позиции, изби помеѓу водечките и удри во задниот дел од болидот на Стофел Вандорн.

Симс продолжи во водство, додека ди Граси и да Коста ги одслужуваа казните, но не касно по тоа, безбедносното возило се врати откако Робин Фринс загуби контрола над болидот во првиот сектор и удри во ѕидот во свиокот 9.

Ди Граси остана пред Вандорн, кој се искачи од 11то место до 3то, додека Едуардо Мортара заврши на петто место за Вентури Рејсинг.

Оливер Роланд се пласираше на шесто за Нисан по казната за претекнување при безбедносно возило доделена на Андре Лотерер од Порше, кој падна на 16то место.

Ник де Врис се пласираше на седмо место по старт од 23та позиција, додека Оливер Турви заврши на 8мо место. Даниел Абт кој имаше казна со поминување низ бокс, заврши на 9то место, додека дебитантот во Јагуар, Џејмс Каладо го комплетираше топ 10.

Шампионот од претходната сезона, Жан-Ерик Верн, финишираше на 11то место стартувајќи од последната позиција, но не успеа да го искористи хаосот пред него.

Следната трка во Формула Е првенството е на 18ти Јануари 2020 во Сантијаго, Чиле.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а...