(Фото) Алонсо со изнајмено БМВ, Хулкенберг со Рено Твизи, останатите …

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Запознаени сме со спортските автомобили кои ги возат Формула 1 возачите во секојдневниот живот, но со какво возило пристигнаа тие на патеката Силверстон, за Британското Гранд При?

Не е изненадување што Луис Хамилтон и Валтери Ботас се појавија на патеката со автомобили токму од своите газди, во случајов два Г-класа џипови.

Даниел Рикардо и Макс Верстапен исто така користеа автомобили од производител близок до екипата, во случајов, нивниот главен спонзор, Астон Мартин.

Себастијан Ветел имаше поинаков избор од очекуваното, но сепак се појави со италијански автомобил, Алфа Ромео Џулиа Quadrifoglio.

Првото изненадување од возниот парк на возачите е изборот на Фернандо Алонсо. Знаејќи со какви хиперспортски автомобили располага неговиот Мекларен, интересно е што шпанецот се појави во Силверстон со изнајмено БМВ серија 3.

Од скоро женетиот Серхио Перез ја чувствува важноста на семејниот живот и во Силверстон пристигна со караван Мерцедес Ц-класа 63 АМГ.

Двајцата возачи на Торо Росо, Брендон Хартли и Пјер Гасли, добија две Хонда Civic Type-R од новиот снабдувач на агрегати за нивната екипа.

Второто изненадување во возниот парк на Силверстон – изборот на Нико Хулкенберг, кој пристигна на патеката со Рено Твизи.

Најскапиот автомобил на паркингот крај Падок Клуб-от беше возен од извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, кој се појави со Мекларен П1, вреден 1 милион фунти.

НАЈНОВО

ОФИЦИЈАЛНО: Аиткен стана резервист во Вилијамс

Џек Аиткен официјално е потврден како резервен возач на тимот на Вилијамс, а згора на тоа ќе добие и петочни тренинг сесии во текот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...