0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Франција: Верстапен победи, Леклер се самоуништи

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Леклер имаше одличен старт и зад себе го задржа Верстапен додека Перез ја загуби позицијата од Луис Хамилтон.

Магнусен со неговиот Хаас имаше неверојатен старт за паметење во кој од последната позиција стигна до 12 позиција по само три кругови додека Саинз кој стартуваше пред него стигна до само 15 позиција. Но Саинз стартуваше на хард гуми за обратна стратегија од својот колега Леклер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Окон и Тсунода имаа инцидент на стартот за што Окон доби 5 секунди казна.

Во седмиот круг Леклер го држеше Верстапен на секунда зад него и успешно се бранеше додека Перез излезе од ДРС на Хамилтон во борба за третата позиција.

Девет круга од стартот Магнусен влезе да промени на хард и се навести стратегија со две застанувања и веднаш по него и колегата Шумахер.

Верстапен полека се откажува од потерата на Леклер по 12 кругови да ги поштеди гумите кои се клучни на оваа трка поради големите температури.

Во 14 круг Саинз ги престигна Астон Мартин за да дојде до 10 позиција.

Три круга подоцна Верстапен менува на хард гуми и од втора позиција излегува на седма зад Норис.

Ферари не одговараат на влегувањето и Леклер излетува од патеката. Според тимското радио најверојатно се работи за проблем со педалот за гас но останува да видиме по трката.

Во 19 круг се појавува безбедносното возило и повеќето возачи влегуваат по нови гуми и Ферари повторно прави грешка и небезбедно го пушта Саинз за што ќе добие казна од 5 секунди.

22 круга од стартот, Тсунода се откажува поради преголема штета од ударот со Окон.

Во наредниот круг Шумахер има контакт со Жу поради што кинезот влезе по ново предно крило.

На половина трка и изминати 26 кругови, Саинз е побрз од Расел и се бори за петтата позиција и Жу добива 5 секунди казна за контактот со Шумахер.

Во 29 круг Гасли се обиде да го престаса Окон за да влезе во поени но неуспешно бидејќи излета и мораше да се враќа по безбедниот пат.

10 кругови подоцна Мгнусен има контакт со Латифи поради што Вилијамс оди прешироко за што стујардите го разгледуваат инцидентот. Магнусен се повлекува во боксот и предвреме ја завршува трката.

Жестока борба меѓу Саинз и Перез за третата позиција во која Саинз е победник. Расел го напаѓа Перез но не успева да го стигне иако имаа контакт.

Саинз влегува по нови гуми во 43 круг од трета позиција и излегува зад Мекларените на деветта позиција. Веднаш тргнува во напад на Окон и Рикардо и стигнува до седма позиција.

Стујардите го разгледува инцидентот помеѓу Перез и Расел но нема да има казни за истиот.

На седум кругови до крајот Саинз стигнува до шеста позиција и пред него е Алонсо со 4 секунди предност.

Жу Гуанју се откажува од трката и се паркира покрај патеката во 49 круг и се појавува виртуелно безбедносно возило.

Веднаш по завршувањето на виртуелното безбедносно возило Расел го престигна Перез но мексиканецот се обидува да нападне со ДРС.

Верстапен победи без грешка задржувајќи го Хамилтон зад себе и Расел на третата позиција.

Неговиот колега Перез заврши на четврта позиција пред Саинз кој ќе остане на петта позиција и покрај казната бидејќи беше доста пред петтиот Алонсо.

Алпин беа подобри во борбата со Мекларен откако Алонсо заврши пред Норис и Окон заврши пред Рикардо.

Зад нив беа Астон Мартин со Строл и Фетел додека канаѓанецот го освои последниот поен.

Трката не ја завршија Латифи, Магнусен, Леклер и Тсунода.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...

Биното и Ферари бараат двојна казна за Перез

Шефот на Ферари, Матиа Биното, верува дека победникот на Големата Награда на Сингапур, Серхио Перез, треба да...

Перез: Немам поима зошто сум под истрага

Серхио Перез вели дека не разбира зошто се соочува со истрага од стјуардите за прекршок при безбедносното...