Франција, Квалификации: Верстапен пребрз за конкуренцијата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Макс Верстапен ја продолжи одличната форма од тренинзите со одличен квалификациски круг кој му ја донесе пол позицијата во Франција.

Луис Хамилтон даде се од себе да се избори за пол позицијата но заостануваше 0,258 секунди зад својот ривал за титулата. Вториот ред ќе биде составен од Валтери Ботас и Серхио Перез.

Карлос Саинз беше во одлична форма и постави време доволно за петта позиција додека Пјер Гасли на домашен терен ќе стартува од шеста позиција.

Квалиикациите започнаа со излетувањето на Јуки Тсунода кој заврши во бариерите и се појави црвеното знаме. Тој се обиде да продолжи но сепак неговиот менувач не функционираше.

За вториот обид во првата сесија сите наместија софт гуми иако Тсунода остави само четири места за елиминација но Мик Шумахер предвмрее ја заврши сесијата откако излета во бариерите по обезбедената позиција во К2.

Ленс Строл и Кими Раиконен беа најголемите губитници во ситуацијата бидејќи не можеа да извозат уште еден круг. Строл во првиот обид возеше надвор од границирте на патеката и неговото време беше избришано поради што ќе стартува од 19 позиција.

Во К2 повеќето возачи излегоа на медиум бидејќи тоа е бараната гума за старт на трката. Прво му беше избришано времето на Ландо Норис кој пред поставувањето на второто време беше повикан назад во боксот.

За негова среќа тој не беше престигнат од Естебан Окон и Себастијан Фетел кој за малку не влегоа во топ 10.

Сите од топ 10 ќе стартуваат на медиум што дава малку флексибилност на трката.

Верстапен во третиот квалификациски дел беше посебна класа откако постави време за 0,386 секунди побрзо од Хамилтон. Подоцна Хамилтон проба да го подобри времето но холанѓанецот беше уште побрз.

Двајцата конкуренти за титулата уште еднаш ќе стартуваат од првиот ред и не очекува интересна трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема