Франција: Одличниот Макс и паметните Ред Бул до нова победа

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Макс Верстапен и Ред Бул стигнаа до нова побед и зголемување на предноста во возачкиот поредок во однос на Луис Хамилтон, додека со 3то место на Чеко Перез, Ред Бул го зголеми своето водство кај конструкторите.

Во последниот круг од трката, благодарение на мудрата стратегија на тимот, Макс успеа да го нападне и мине Хамилтон за водство откако два круга претходно 3то место на Ботас го превзема Серхио Перез. Мекларен со 3ти најбрз болид, Фрари разочарувачки без ниту еден единствен поен.

Стартот беше лош за Верстапен откако ладните гуми не му дозволија соодвето да мине низ првата и втората кривина, мораше надвор од патеката, загуби позиција, но само од Хамилтон иако можеше и полошо. Одличен старт имаше и Фернандо Алонсо кој “ќари“ три позиции во првиот круг.

Алпин полека влегуваше во ритам и во 11от круг Фернандо Алонсо го загуби 8то место од Даниел Рикардо за по некоклу ститни метри да го загуби и 9то место од неговиот колега, Ландо Норис.

Три круга подоцна, Даниел Рикардо нападна и претекна Ферари, она на Шарл Леклер.

Со промена на гуми почнаа први Ферари кои повеќе од очигледно најбрзо ги “јадеа“ гумите на трката. Во 14от круг промени Леклер, два круга подоцна и Даниел Рикардо и загуби позиција од Шарл. Во 17от круг нови хард стави Ботас заедно со Саинз и Гасли во ситуација во која шпанецот со андеркат го мина АлфаТаури. Верстапен промени следниот круг и се врати пред Валтери, а во 19от круг нови хард доби Хамилтон и загуби позиција од Верстапен на тој начин.

Маратонецот Перез ја поведе трката 5 круга и дури во 24от круг доби нови гуми, истиот круг кога за промена се реши и Ландо Норис од Мекларен.

Следуваше интересен периов во средината од поредокот, Леклер го мина Окон за 7мо, Рикардо потоа го претекна моначанецот за истата позиција, Шарл беше претекнат и од својот колега Саинз, а во 30от круг и од Ландо Норис и Пјер Гасли. Потоа Ландо го мина Карлос два круга подоцна.

Откако Верстапен преку бокс го превзема водството, возеше пеколно брз со Луис Хамилтон буквално на половина секунда од себе, што беше претешко, а тој беше свесен дека нема да може до крајот на тој начин. Поради тоа, во 32от круг Макс влезе по нови медиум и се врати на 4то место зад двата Мерцедес и својот колега.

Астон Мартин беа последни кои променија гуми, Строл го напраави тоа во 35от круг и од 7мо се врати на 14то место, а Себастијан Фетел во 38от круг и од 5то се врати на 11то место.

Ферари се обидоа да спасат нешто со Леклер во 40от круг кога го внесоа по нови медиум, но не успејаа да направат ништо и тој заврши на 16то место.

Во 44от круг, откако неколку кругови претходно Макс беше лесно пропуштен од Перез, го нападна и мина Валтери Ботас, а пет кругови подоцна финецот беше минат и од Серхио Перез и од 2ро “падна“ на 4то место.

Во последниот круг Верстапен го нападна и мина Хамилтон за победа во ДРС зона, многу лесно поради поновите и помеки гуми.

Макс победи за зголемување на водството пред Хамилтон, а за 3то место за Ред Бул се погрижи Перез кој заврши пред Ботас. Најдобар од останатите беше Ландо Норис со своето 5то место пред својот колега Даниел Рикардо. Пјер Гасли донесе добро 7мо место за АлфаТаури пред искусниот Фернандо Алонсо, а последни во топ 10 беа Астон Мартин со Фетел и Строл. Карлос Саинз беше 11ти.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема