- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Франција: Хамилтон триумфален во одлична трка

Луис Хамилтон покажа доминантна форма во Француското Гранд При кое се врати на календарот по пауза од 10 години. Со победата британецот го врати водството во генералниот пласман пред Себастијан Ветел. Победата воедно е 65та во кариерата на Хамилтон, додека ова беше петта трка од последните шест на која три различни екипи завршија на подиумот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Луис заврши со удобна предност пред Макс Верстапен од Ред Бул. 14 поени сега го двојат од Ветел во генералниот пласман, кој пак заврши на петто место. Кими Раиконен имаше одлична трка и ја спаси честа на Скудерија со пласман на третото место на подиумот. Позади Ветел заврши Валтери Ботас, кој настрада од контактот на Ветел во првиот свиок.

Ветел имаше одличен старт користејќи ја предноста на ултрасофт пневматиците во однос на тие околу него и беше веднаш покрај Ботас до првиот свиок, но ги блокираше предните тркала и удри во задното лево тркало на финецот. Предното крило на Ветел беше уништено, додека Ботас заработи пукнат заден лев пневматик, по што и двајцата мораа полека да се вратат во боксовите.

Во истиот свиок, Пјер Гасли изгуби контрола над задниот дел од својот болид и удри во страничниот дел од болидот на Естебан Окон, што воедно беше и крај на трката за возачите. Поради сите остатоци од карбон, на патеката излезе безбедносното возило, а Хамилтон беше во водство, пред Верстапен, додека Карлос Саинз го претекна Даниел Рикардо.

Откако продолжи трката во 5 круг, Хамилтон почна да ја зголемува својата предност, Верстапен возеше удобно на втората позиција, додека Рикардо мораше да почека неколку кругови пред успешно да го претекне Саинз за трето место.

За време на безбедносното возило, Ветел премина на софт пневматици и по рестартот иташе кон враќање на изгубените места. Со силната форма, за момент се најде и на подиум кога Рикардо и Раиконен влегоа во бокс, но поради деградација на неговите пневматици, тој мораше да ги промени и да одслужи казна од 5 секунди поради ударот со Валтери Ботас во првиот круг.

По неколку кругови, Рикардо повторно го врати своето место на подиумот, а по дополнителни шест кругови и Кими со свежи пневматици лесно го претекна својот тимски колега за четвртта позиција. Раиконен имаше одлична трка во овој период и успеа да го стигне и претекне Даниел Рикардо за трето место на подиумот. Дуелот помеѓу Рикардо и Раиконен беше навистина за уживање, а режисерот на трката одлично манипулираше со различните кадри за зголемување на возбудата

Рикардо заврши на четвртто место пред Себастијан Ветел. Валтери Ботас успеа да се искачи до седмата позиција, но заврши позади Кевин Магнусен од Хаас, кој самиот имаше одличен приказ на денешното Гранд При. И двајцата возачи го претекнаа Карлос Саинз, кој пријави губење на моќ преку тимското радио, но за негова среќа, Ленс Строл се здоби со пукнат пневматик во завршницата, по што следуваше период на виртуелно безбедносно возило, што пак му дозволи на шпанецот да ја заврши домашната трка на Рено со солиден пласман и поени.

Ѕвездата од квалификациите, Шарл Леклер, заврши на 10 место за Заубер, иако во еден момент беше и на високото шесто место.

Покрај Гасли и Окон, трката не ја завршија Серхио Перез поради проблем со агрегатот, Ленс Строл и Фернандо Алонсо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...