Француски Le Parisien тврди дека Шумахер тајно се лекува во Париз

Францускиот дневен весник Le Parisien во своето денешно издание пишува дека седумкраниот Формула 1 првак, Михаел Шумахер, добива медицински третман во Париз од реномиран кардио хирург чија специјалност се матични клетки.

Во својот ексклузивен извештај со информации од неименуван извор, Le Parisien тврди дека Шуми пристигнал во Georges-Pompidou European Hospital во Понеделник попладне, а во истата болница бил и претходно. На чело на медицинскиот тим задолжен за Михаел бил професорот Филип Менаше.

Легендарниот германски возач е во кома од 2013 година по повреди на главата здобиени при една скијачка несреќа на француските Алпи. Неговата состојба одтогаш се чува во најголема тајност од страна на семејството.

Весникот дополни и дека долгогодишниот медицински советник и пријател на Шумахерови, професор Жерард Саилан е присутен во болницата.

НАЈНОВО

Верстапен импресиониран од Хонда

Макс Верстапен откри дека обожава да работи со Хонда поради тоа што производителот обрнува огромно внимание на деталите, буквално до секоја жичка и налепница...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...