Формула 1 бара од организаторите на Француското Гранд При да направат промени на патеката Пол Рикар која е домаќин на Големата награда на Франција.Сезонава трката од многуина беше прогласена веројатно за најздодевна во сезоната.
Француски L’Equipe пренесува дека Ерик Булие, поранешниот шеф на Мекларен кој е дел од организацијата на трката бил присутен во падокот во Абу Даби.
Формула 1 менаџмент работи секојдневно со организаторите и промотерите на патеката од август за да се направат одредени модификации.
согласно првиот документ требаше да се модифицираат сите кривини што ќе чиин многу пари, но се разгледува и отстранување на шикатана на мистрал правецот.
Францускиот весник пренесува дека организаторите на Пол Рикар размислуваат да спроведат анкета помеѓу фановите околу можните промени.