- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 подготвува нова графика

Формула 1 подготвува нова графика за телевизиските преноси оваа година со цел да им се даде повеќе информации на гледачите при следење на телевизиските преноси.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Како дел од соработката со Amazon Web Services, спортот годинава ќе има шест нови графики во живо кои ќе следуваат за време на преносите. Првата графика која веќе е подготвена и ќе ја видиме уште на првата трка во Австрија се вика Car Performance Score и ќе дава одредена оценка на болидот врз база на повеќе параметри како силата од моторот, грип, потисна сила и драг. Оценката ќе дава слика за брзината бри бавни кривини, брзината при летечки кривини, праволиниска брзина и однесување на болидот.

За време на втората трка на Силверстон кој е закажана за Август и ќе биде прослава на 70-годишнината од Гранд При тркањето ќе има Ultimate Driver Speed Comparison за да се споредат сегашните возачи со оние од минатото, а податоци ќе бидат расположливи од 1983 година до сега.

Од Белгиското Гранд При ќе има High-speed/Low-Speed Corner Performance графика која ќе им даде можност на фановите да ја видат брзината со која возачот минува низ брзите кривини каде се вози над 175 километри на час и низ бавните кривини каде се вози со брзина под 125 километри на час.

Во вториот дел од сезоната како последна новина е Driver Skills Rating, Car/Team Development, Overall Season Performance и Qualifying and Race Pace Prediction Graphic.

Driver Skills Rating ќе го идентификува најдобриот возач земајќи во предвид податоци како квалификации, стартови, ритам во трка, менаџирање на гуми и стил на претекнување и бранење на позиција.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Марко изненаден од се посилниот Мерцедес

Доктор Хелмут МАрко смета дека Ред Бул Хонда заостануваат поради неочекувано големиот напредок на Мерцедес со нивниот мотор сезонава. “Биковите“ се надеваа дека Макс Верстапен...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...