Ф1 потврди дека ќе оганизира настан во Јужна Африка

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Формула 1 ќе се врати во Јужна Африка откако од тркачката серија потврдија дека ќе организираат Фестивал за фановите во Јоханесбург во Јужна Африка.

Врвната тркачка серија го нема посетено “црниот континент“ од 1993 година кога беше последната трка во Киалами, патека во Јужна Африка која 23 пати била домаќин на трка.

Додека се во тек проценките околу изводливоста за враќање на трките на реновираниот Куалами, челниците решија да ги почестат фановите со Фестивал од Формула 1 болиди на кој Мерцедес, Ред Бул и Рено ќе донесат свои “машини“ и ќе демонстрираат со нив, а за сега само Валтери Ботас е потврден возач. Настанот е закажан за 29 Март во Сандтон областа во Јоханесбург.

Единствениот првак од Јужна Африка е Џоди Шектер кој ќе биде присутен на настанот и ќе демонстрира со својот Ферари 312Т4, болид со кој стигна до титула во 1979 година.

возбудени сме што можеме да откриеме дека формула 1 ќе оди во јужна африка сезонава со Heineken F1 Joburg фестивалот. јуна африка е посебно место во формула 1 историјата и сакаме да ссе посветиме на враќање таму во иднина.

фестивалот ќе биде неверојатна можност за луѓето од јоханесбург да ја видат формула 1 со свои очи и од блиску, ќе има демонстрации, награди за нив и одлична музика во живо – најави ели норман, директорот за маркетинг и комуникации на спортот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема