Ф1 потврди: Сите тимови ќе бидат на Нетфликс

Формула 1 официјално потврди дека втората сезона од ‘Drive to Survive’ серијата на Нетфликс која ќе се емитува на почетокот на следната година, ќе ги вклучува сите тимови, заедно со Мерцедес и Ферари кои по ланското отсуство, сезонава им дозволија на камерите непречен пристап до своите гаражи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првата сезона имаше одличен прием, беше снимана во текот на ланската сезона, а оваа година камерите на Нетфликс се присутни во падокот уште од предсезонските тестови во Барселона.

Официјално, договорот кој лани не го потпишаа Мерцедес и Ферари, сезонава беше “заверен“ од страна на сите тимови во Формула 1 поредокот. Согласно истиот, се што ќе биде фатено од камерите може да биде прикажано на телевизија, освен откривање од некаков вид на технички тајни како на пример откриени болиди и мотори во гаражата.

воодушевени сме што повторно ќе работиме со нетфликс во втората сезона од нивната серија посветена на формула 1. серијата е навистина посебно и им ја покажува на фановите невидената страна од формула 1, личностите и емоциите во секоја екипа и возач на гридот.

Drive to Survive овозможи да се дополни базата на фанови глобално и да се биде партнер со нетфликс втора сезона по ред што ќе ги донесе фановите во центарот на се што се прави во овој спорт – изјави иан холмс, директорот за медиумски права на формула 1.

НАЈНОВО

Волф забележал проблеми во врската помеѓу Фетел и Ферари

Тото Волф не бил изненаден кога дознал за заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари, откако приметил проблеми во нивната врска. Фетел се приклучи...

популарно

Тод објаснува зошто Себ не успеал да го копира Шумахер

Жан Тод, првиот човек на Ферари, верува дека недостаток на обединетост во Ферари е главна причина што Себастијан Фетел не успеал да го копира...