Ф1 потпиша 15-годишен договор со Тотенхем

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 потврди дека потпишале 15-годишно стратешко партнерство со фудбалскиот премиерлигаш Тотенхем Хотспур.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Преку партнерството ќе се отвори патека со електрични картинзи под стадионот на тимот кој веќе е познат како еден од најдобрите стдиони во светот поради врвните технички карактеристики и иновации. Картинг патеката ќе биде наменета како за возрасни така и за јуниори и ќе има акредитација од Националната картинг асоцијација. Поради соодветната акредитација, истат ќе може да биде домаќин на врвни картинг трки од различни шампонати.

Дополнително, Ф1 и фудбалскиот ќе развијат возачка академија со цел да се идентификува следната генерација Формула 1 возачи.

како што продолжуваме да го раснеме и развиваме спортот, партнерство со реномиран светски бренд како тотенхем хотспур ќе ни дозволи да ја однесеме формула 1 и моторспортот кон поразновидна публика.

картинг искуството ќе биде дестинација за семејства, пријатели и надежни возачи од сегкаде низ светот кој ќе сакаат да го посетат и да уживаат, нудејќи одлично моторспорт искуство – објасни стефано доменикали, главниот изршен директор на тркачката серија.

Барањето за одржливост е составен дел и од парнерството со фудбалскиот клуб.

аншите два бренда имаат визија да креираат животни промени, да промовираат разновидност и инклузивност како што неодамна објави ф1 академијата и одржливоста на возењето, а ова партнерство ќе придонесе за тоа – дополни италијанецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Претседателот на фудбалскиот клуб, Даниел Леви, додаде:

откако го изградивме стадионот, наша амбиција беше да видиме колку можеме да ги поместиме границите во испорачување на првокласно искуство и привклекување на луѓе од целиот свет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ