Ф1 стана партнер со НБА

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Формула 1 најави партнерство со НБА лигата за претстојниот тркачки викенд кога треба да се вози трката за Големата награда на Америка. 

Партнерството е формирано за да се обележи враќањето на Формула 1 во Америка и 75-годишнината од постоењето на кошаркарската НБА лига. 

Формула 1 не возеше минатата година во Америка поради пандемијата, а наредната година ќе се организираат две трки, една во Мајами како дополна на постоечката во Остин. 

Како дел од соработката Формула 1 направи 30 болиди во боите на НБА тимовите. Во текот на викендот ќе бидат објавени сите рендери на болидите за 2022 година во боите на НБА тимовите. 

Како додаток, во Четврток тимовите ќе имаат предизвик со слободни фрлања на посебно игралиште во падокот на КОТА.  Сите возачи ќе се натпреваруваат меѓу себе и ќе имаат 10 слободни фрлања. 

Наградата од 20,000 долари ќе ја добие победничкиот тим и ќе биде донирана за добротворни цели. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема