Ф1 ќе мора да почитува дрес код во Саудиска Арабија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Првата трка во Саудиска Арабија треба да се одржи на патеката Џеда на 5 Декември,  а фактот што за прв пат таму се одржува трка не е единствената посебна работа затоа што тимовите добија посебни правила за облекување. 

Тркањето на блискиот исток ќе биде под строги правила за персоналот во Формула 1 од властите. Најпрво тука е дрес кодот кој вели дека рацете и нозете треба да бидат покриени цело време на сите присутни во падокот. Така, персоналот ќе мора да носи долги пантолони и блузи со долги ракави во текот на викендот.

Провидни материјали не се дозволени, а жените мора да бидат целосно покриени и не смеат да носат било каква шминка. Во публиката не смее да се слуша погрдно скандирање и овие правила важат за сите кои патуваат во Саудиска Арабија, не само за Формула 1 персоналот. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема