Ф2 и Ф3 со нов систем за бодување од следната година

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Нов бодовен систем ќе биде воведен во спортските правила на Формула 2 и Формул 3 тркачките серии од следната година.

За разлика од оваа сезона во која двете серии беа одделени, од следната година трки во нив ќе се возат паралелно, како што беше пракса во минатото. Пандемијата придонесе да се измеша календрот во тие серии и со цел финансиски и логистички да им се олесни, истите бараат да возат заедно од следната година.

Догодина ќе има само по една тренинг сесија во секоја серија, а гридот за главнаа трка во недела ќе се одлучи со една квалификациска сесија. Поените за главната трка ќе останат исто како и на Формула 1 Гранд При тркачки викенд, но пол позицијата ќе носи само два поени наместо четири колку што носи во моментов.

Гридот за саботниот спринт во Формула 2 ќе се реши со обратен редослед во топ 10 од квалификациите, а најбрзите осуммина ќе добијат 10, 8, 6, 5, 4, 3, 2, и 1 поен.

Во Формула 3, гридот за саботниот спринт ќе се реши со обратен редослед на топ 12те возачи од квалификациите, а првите десетмина ќе добијат поени и тоа 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2 и 1 поен.

Како и во Формула 1, најбрзиот круг ќе биде награден со поен, доколку оној кој го постигнал е во топ 10.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема