Хаас: Возачите не се воопшто виновни за падот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека не е возможно тимот да ги обвини своите возачи за падот во форма во 2019 година.

Хаас имаа проблеми целосно да го разберат и развијат својот болид, а дефицитот беше најочигледен во тркачки услови. Како последица, Хаас освоија само 28 поени и се пласираа на деветто место во генералниот пласман, што е нивна најлоша сезона по влезот во спортот во 2016 година.

Не постои начин и причина да ги обвинам возачите за сезоната и поради тоа останавме со истиот возачки тандем за следната година. Мора да бидеме искрени и да признаеме дека тие не можеа да направат ништо повеќе со овој болид. Секогаш може да бидете подобри кога немате контакти еден со друг, но во некои моменти тие беа преагресивни.

Не можам да носам заклучоци дека тие не завршија добра работа година.

Проблематичната сезона за Хаас дојде по силна 2018 година, во која се пласираа на петто место во поредокот и го предизвикаа Рено за 4то место.

Позитивна страна беше минатата година, бевме многу високо во пласманот, а тоа беше одлично чувство. потоа помалку живеете во тие висини и не може да претпоставите дека таму ќе останете. Не е само една работа која може да се научи, но понекогаш си помислувам, мора да бидеме повеќе самокритични околу тоа што го правиме, дури и да е добро, не значи дека е добро. Но не постои едно нешто кон што може да посочам дека треба да посветиме повеќе внимание. Мора севкупно да завршиме добра работа.

НАЈНОВО

Марко: Не можеме да си го дозволиме Фетел

Доктор Хемут Марко откри дека Ред Бул не може да си дозволи да троши многу пари на возач и да го враќа Себастијан Фетел...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Ферари го решиле проблемот со болидот

Познатиот Лео Турини, инсајдер со темелно познавање на состојбите во Ферари, откри дека во Маранело се на вистински пат со својот болид откако минатиот...