0 ден

Нема продукти во Кошничката.

📷 Хаас први го открија својот пакет, ВФ-22 оживеа

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хаас стана првата Формула 1 екипа која го откри својот дизајн и своите шари за претсојната сезона откако денеска објави серија рендери на својот ВФ-22 болид

Болидот е прв производ на дизајнерската канцеларија која американците ја отворија во Маранело, веднаш до славната фабика на Ферари и како прв болид за сезонава е добар показател за тоа како ќе изгледаат. Боите се исти како и лани, доминира белата со сини и црвени шари, главен спонзор е Уралкали поради таткото на Никита Мазепин кој заедно со Мик Шумахер го формираат возачкиот тандем втора година по ред.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимот беше единствен без поени минатата сезона, така што цел на американците е да бидат конурентни по лошото ланско издание кога одбраа да не го развиваат болидот туку целосно да се насочат на овогодинешинот со оглед на големите промени во аеродинамиката кои се воедуваат.

Воведување на земјениот ефект значи целосно нови подови, но и драстично намален број на крила насекаде низ болидот, а видливи се и новите поголеми гуми од 18 инчи. Рендерите покажуваат како ќе изгледа болидот кој официјално ќе се појави месецов на тестот во Барселона.

возбудени сме што сме во момент кога знаеме дека вф-22 многу скоро ќе се појави на патеката. знаеме за што е способен тимот, го покажавме тоа во минатото и со овој нов болид роден под целосно нови правила и нов дизајнерски тим. убедени сме што повторно ќе можеме да покажеме дека можеме да се тркаем за време на викендите.

сите вклучени во проектот дадоа огромен придонес и тоа е возбудливиот и инетресен дел кој претходи на оваа промоција. лани беше долг пат и тежок, но убеден сум дека 2022 година ќе не врати во кокнуренција со вф-22 – посочи гунтер станиер, шефот на екипата.

Симоне Ресто, техничкиот шеф на тимот, посочи дека овој болид е веројатно најтешкиот и најсложен потфат кој тимот го имал во својата историја.

се работи за целосно нов сет правила и сезонава имаме целосно нов тим кој работи на создавање на вф-22 болидот. не е се сосема ново, но најголем дел од луѓето кои ни се прилкучија директно работат на овој проект, луѓе кои имаат успешно минато.

сеуште е рано, се наоѓаме во транцизиска сезона, но работевме цела година на овој болид и сметам дека ќе бидеме успешни.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Шумахер: Канада беше како торта без шлаг

Мик Шумахер вели дека неговиот силен настап во квалификациите во Монтреал, проследен со неговото предвремено откажување на...

Мазепин ќе тужи за неисплатени плати

Никита Мазепин изјави дека ќе го тужи американски Хаас за неисплатени плати.  Рускиот возач, чија компанија Уралкали го...