Хамилтон бесен на стратегијата, не знаел дека ќе загуби позиции

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Луис Хамилтон дојде во Истанбул со два поени предност во возачкиот поредок, а си заминува со 6 поени негатива по трка во која остана бесен на тимската стратегија.

Иако стартуваше од 11та позиција, успеа да дојде до 3то место при крајот на трката, но во тие моменти немаше променето гуми за разлика од сите околу него, а надежта беше да се комплетираат сите 58 кругови со еден сет гуми. Во 42от круг тој беше повикан во бокс од стрна на својот инженер Боно, но одби да влезе по свежи пневматици одговарајќи дека може со истите до крајот.

Расправата со тимот траеше се до 51от круг кога конечно реши да ги послуша инженерите и да промени гуми, но така загуби две позиции кои не успеа да ги надомести.

зошто го дадовме третото место? – нервозно викаше луис преку тимското радио

на кое место сум? – запраша, по што му беше кажано дека е 5ти.

не требаше да влеземе во бокс, не требаше, ви кажав дека не требаше.

Откако се врати на патеката со свежи гуми, тој се мачеше со свежите интермедиа, а во последните кругови беше притиснат од Пјер Гасли од АлфаТаури, по што продолжи да негодува во разговорот со својот тим.

гасли е на една секунда – му кажа боно.

оставиме на мира човек – одговори луис.

На крајот Пјер финишираше зад Мерцедес и Хамилтон го освои 5то место, но го загуби водството во возачкиот поредок. По трката беше запрашан дали смета оти гумите ќе издржеле до крајот, на што одговори:

на окон гумите издржаа, така ми кажаа, така што веројатно и моите ќе издржеа.

Откако се смири, тој сфати дека требало или да ги послуша инженерите и да промени гуми кога сите го правеа тоа, кога прв пат го викнаа во 42от круг или да останел до крајот со првиот сет како што имал намера.

гумите беа мазни и навистина не знам уште колку ќе издржеа, така што дефинитивно беа загрижени за трењето на истите. не бев брз на новите гуми на крајот, се мачев, немав грип, а не знам зошто. одеднаш немав ритам и губев перформанси во однос на оние зад мене.

требаше или да останам до крајот на првите гуми или да ги послушам инженерите кога ми кажаа да влезам по свежи гуми затоа што вака немав многу време да ги загреам и оптимизирам на патека која се сушеше, лузгав и губев време и за малку ќе загубев уште позиции. фрустриран сум, но што е тоа е.

ќе беше убаво да бидам трет, мислев дека ќе стигнам до тоа место, но и ова е добро откако тргнав од 11то место, можеше многу полошо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема