Хамилтон: Верстапен знаеше што ќе се случи уште пред трката

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Луис Хамилтон обвини дека Макс Верстапен знаел однапред што ќе се случи пред нивниот судар на Монца каде и двајцата предвреме ја завршија трката.

Хамилтон излезе од боксот и веднаш се обиде да ја одбрани позицијата од Верстапен кој влезе од внатре во првиот свиок Варијанте. Поради ова, холанѓанецот мораше да тргне на ист начин и во вториот свиок во лево и директно се удрија со Хамилтон откако Ред Бул претходно отскокна од тротоарот.

Ред Бул заврши буквално врз болидот на Хамилтон и заглави на халото кое повторно се покажа како одличен сигурносен механизам.

Се тркав жестоко и конечно го поминав Ландо. Водев и тогаш решија да ме повлечат во бокс. Менувањето беше бавно и загубив неколку секунди.

Кога излегов го видов Даниел како ме поминува и Макс како надоаѓа. Влегов напред во првиот свиок и бев понапред во вториот. Потоа се беше наеднаш и тој буквално се качи врз мене – анализира луис.

Ова беше втор дуел помеѓу Хамилтон и Верстапен на трката, но сега заврши нивната трка. Во првиот круг на 4та кривина, шиканите Аскари, имаа контакт додека Верстапен го бранеше своето тогаш 2ро место, а по дуелот, Хамилтон загуби позиција и од Норис.

Бевме во иста позиција, но тогаш попуштив. Тој не се предава и знаеше што ќе се случи. Тој знае што се случува преку тротоарите. Ќе зборуваме со стујардите и ќе видиме. Немам што повеќе да кажам.

Хамилтон има мала болка во вратот поради тоа што тркалото удрило во неговата кацига, но изјави дека се е во ред.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема