Хамилтон возбуден за битката со Ред Бул

Луис Хамилтон сака повторување на неговиот лански посебен круг за пол позиција во Сингапур откако постави најбрзо време на петочните тренинг сесии.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Времето на актуелниот шампион беше за речиси две десетинки побрзо од она што го извози Макс Верстапен од Ред Бул. Тој се чувствувал најдобро по подолго време во В10 болидот и сака реприза на ланските квалификации.

навистина сум среќен затоа што денеска се чувствував многу добро во болидот, како ретко кога во последно време. се надевам дека ќе остане така цел викенд. со исклучок на неколку крпеници на патеката, гумите работеа одлично.

ако “влезете во филм“ на оваа патека, кругот е прекрасен и целосно уживање. дефинитивно имаме каде да се подобриме што е секогаш позитивно, затоа што ништо не е совршено. поради тоа морам да учам вечер, има обласи каде треба посилно како на пример кочењето и моментите на вртење. се работи за наоѓање на ситниците кои ќе не доближат до совршенство.

го барам тој посебен круг кој го имав лани, мислам дека одлично почнав, но сеуште вежбам и мислам дека утре ќе биде многу подобро. ред бул изгледаат фантастично и многу, многу се брзи. возбуден сум на предизвикот кој следи од нив – најави хамилтон.

Запрашан дали смета дека Ред Бул можат и побрзо, Хамилтон одговори:

не сум сигурен, имслам дека моите момци многу добро знаат како стоиме во моментов. јасно е дека бевме најбрзи на денот, но тие се преблиску до нас. ако имаат овршен круг, тогаш ќе бидеме зад нив.

НАЈНОВО

Волф забележал проблеми во врската помеѓу Фетел и Ферари

Тото Волф не бил изненаден кога дознал за заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари, откако приметил проблеми во нивната врска. Фетел се приклучи...

популарно

Тод објаснува зошто Себ не успеал да го копира Шумахер

Жан Тод, првиот човек на Ферари, верува дека недостаток на обединетост во Ферари е главна причина што Себастијан Фетел не успеал да го копира...