0,00 ден

No products in the cart.

Хамилтон горд на тимот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Луис Хамилтон е горд на Мерцедес откако на Саудиското Гранд При успејаа да обезбедат прв стартен ред со двата болиди по денешните квалификации.

Макс Верстапен имаше извонреден последен круг кој беше над 2 десетинки побрз од оној на Хамилтон, но на последната кривина излизга во оградата откако претходно ја “утна“ точката н кочење. Така, Макс ќе ја почне трката од вторито ред зад Хамилтон и Ботас, а крај Шарл Леклер.

каква тешка патека е оваа. направиле неверојатно добра работа, брзините со кои возиме се феноменални.

бевме многу брзи на тренинзите, а не знам поради што, не бевме добри пред квалификациите, се мачевме со гумите на т3. така, тоа што стигнавме до 1-2 е одлично, горд сум на валтери и на сите вработени во екипата кои работеа многу напорно да стигнеме до овој фантастичен резултат – изјави хамилтон.

Двете петочни сесии му припаднаа на актуелниот првак, но Ред Бул одговори со одлични перформанси на денешните 60 минути и изгледаше моќно на квалификациите.

работевме навистина многу напорно за време на симулациите и сетирањето. соработката со валтери беше страшно добра, тој е мој најдобар колега кој некогаш сум го имал во овој спорт, сигурен сум во тоа. работиме заедно, тимски да извадиме максимум и да го донесеме болидот каде што треба, а ред бул денеска беа многу брзи.

ред бул изгледаат неверојатно околу оваа патека, но со оглед на тоа каде сме, благодарен сум што успеавме да го направиме ова.

Луис е 8 поени зад Верстапен на 2 трки пред крајот на сезоната во возачкиот поредок, а евентуална победа за него утре ќе биде трета последоваелна. Тој призна дека имале силен ритам на долгите серии во Петок, но Ред Бул биле посилни.

секогаш се доближуваме на трка, моите долги серии беа добри во петок, но ред бул дефинитивно се поправија од тогаш по брзината денеска. предвидувам тешка трка утре, но валтери ќе биде до мене.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема