Хамилтон два пати се сретнал со Ферари годинава

Според италијанскиот весник Gazzetta dello Sport, Луис Хамилтон во два наврати се сретнал со Претседателот на Ферари, Џон Елкан оваа година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шесткратниот првак има договор со Мерцедес кој го обврзува да остане во тимот до крајот на 2020 година, така што медиумите на големо шпекулираат со иднината на рномурестиот британец. Матиа Биното во Абу Даби откри дека тие се среќни што некој со квалитетите на Хамилтон е слободен по 2020 година.

имаше два состанока помеѓу претседателот на ферари џон елкан и луис хамилтон во текот на 2019 година. елкан е голем обожавател на хамилтон, а потпретседтелот на ферари, пиеро ферари е во абу даби викендов.

таквото “флертување“ трае со години дури и од времето кога лука ди монтеѕемоло и стефано докеникали беа во ферари, интересот за англичанецот беше константен и многу силен – пишува Gazzetta dello Sport.

Весникот пренесува дека интерес постои и од страна на возачот кој наводно дури бил и разочаран кога Ферари потпишале нов тригодишен договор со Себастијан Фетел во 2017 година

луис има префинет интерес за историјата на ферари и е фасциниран од приказните за големиот енцо ферари од кој веќе има неколку болиди и често тајно ја посетувал фабриката во маранело во неколку наврати. тој имал и ручеци со пиеро ферари.

можеби ветувњето е дадено таа 2017 година кога бил продолжен договорот на фетел со ферари. луис тогаш беше вознемирен и наводно им пратил порака на ферари “три години? не разбирам зошто!“.

на прес конференцијата во 2017 година откако итаијанците го потврдија себ до 2020 година, хамилтон изјави “сега кога себастијан потпиша и јас знам што ќе правам“ пренесува Gazzetta dello Sport,

Италијанците не веруваат дека Ферари е продолжат со Фетел и Леклер по 2020 година кога истекува договорот на германецот што ќе даде отворено место крај Леклер кој има договор до крајот на 2022 година.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...