0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Хамилтон имал проблем со грбот при долгите серии во Петок

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Луис Хамилтон е загрижен за својот грб во пресрет на трката низ Баку откако имал проблем со истиот додека се подготвувал за трката во Петок.

Хамилтон и Расел имаа огромно потскокнување со својот В13 болид во Азербејџан, а Џорџ се пожали дека тоа влијаело и на видливоста, додека Луис посочи дека не успеал да ги комплетира долгите серии во Петок затоа што го болело грбот, така што тимот останал без вообичаените податоци.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Седумкратниот поранешен првак посочи дека по промените на сетирањето на болидот за во Сабота, потскокнувањето се поместило од крајот на главниот правец на почетокот од истиот.

искрено имавме огромно потскокнување на крајот од правецот во петок што не можев да ги довршам планираните долги серии поради болки во грбот, беше страшно. фала што физиотарапевтот ме среди во текот на ноќта со акупукнтура и се разбудив со далеку помалку болка.

сега болидот не е така лош на крајот од праввецот, но низ кривините стана многу тешко. се обидувам да останам понастрана од оградата, а со многу гориво се надевам дека помалку ќе потскокнувам на трката, но бавни сме.

секое потскокнување не забавува, со секое потскокнување го допираме асфалтот, а со крила како на монца, оваа патека бара брзина.

Тој посочи дека најголем проблем за него било да остане на паткеата и со тоа се мачел многу повеќе одошто со видливоста.

видливоста е иста цела година, лошо е, но за мене само да го задржам болидот надвор од оградата, а притоа да бидам брз е многу поголем проблем кој не можеме да го решиме.

лудо е затоа што во барселона не потскокнувавме, а потоа на секоја патека стана тешко, феномен кој не можеме никако да го решиме.

Црномурестиот британец се согласи дека потребно е екипите да работат со ФИА за да најдат начин да се намали потскокнувањето.

мислам дека потскокнувањето стана безбедносен проблем. денеска имав огромни вибрации од подот низ кривиките каде се вози со 300 кмч и не можеме да направиме ништо за да го спречиме и отстраниме тоа. не можеме да го имаме ова следните четири години и мораме да поработиме, а веќе разговарав и со останатите возачи.

Тој посочи дека екипата напорно работи на проблемот и неговот отстранување.

ми недостасува барселона каде возев без проблем. кога разговарам со другите возачи како на пример со валтери, тој вели дека нема потскокнување и јас сум му љубоморен. но, што е тоа е, мораме да ја прифатиме реалноста затоа што не можеме ништо да промениме. буквално останав на патеката до 1:30 по полноќ заедно со сите механичари и инженерите и сеуште проучуваме и правиме се што можеме.

пред два дена работев цел ден во фабриката на симулаторот и помагав колку што можам повеќе, но не можам. денеска губев десетинки на правецот поради потскокнување во однос на џорџ.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Ни треба максимум од Баку

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим мора да ја максимизира секоја можност на Големата...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Вилнев: Верстапен е цело време на максимум, Хамилтон не е

Поранешниот првак, Жак Вилнев, даде свое мислење за клучната разлика помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.  Тој повторно...

Поради доминацијата на Луис, Валтери сакал да се откаже

Валтери Ботас откри дека поради неможноста да го победи Луис Хамилтон во Мерцедес, имал психолошки проблеми, желбата...