Хамилтон не се ни појавил пред стјуардите, но ја признал вината

Луис Хамилтон сосема заслужено доби казна по контактот со Александер Албон во претпоследниот круг од Беразилското Гранд При, а на задолжителното појавување кај стјуардите по трката не ја искористил можноста да се брани и правда.

Стјуардите по трката решиле да ги сослушаат двајцата возачи пред да се решат дали и на кого да доделат казна за инцидентот. По 5те секунди додадено време, Луис “падна“ во поредокот од 3то на 7мо место, по што Карлос Саинз изненадувачки дојде до својот подиум.

За разлика од Даниил Квјат кој за слични инциденти во последниот круг на минатите две трки добиваше казна, но негодуваше и беше незадоволен од одлуките на стјуардите, Хамилтон не се ни појавил пред стјуардите што значи дека не ја искористил можноста да се брани. Рон Медоус, спортскиот директор на тимот во име на Хамилтон ја призна вината.

требаше да има соочување со возачите по крајот на трката во врска со инцидентот, двајцата возачи беа повикани, но мерцедес ја признаа вината.

дојдоа и рекоа дека нема потреба од сослушување, луис признава дека е виновен. спортскиот директор рон го кажа тоа.

истрага секако дека имаше, но кога тимот се појавува и ја признава вината, целата работа е многу побрза, поедноставна и полесна – откри мајкл маси во врска со случувањата по крајот на трката.

Директорот за трка призна дека стјуардите биле во тешка ситуација и сакале да му дадат шанса на Луис да го каже своето мислење затоа што подиумот бил “во игра“. Но, откако тој ја призна вината се било полесно.

НАЈНОВО

Браун: Сеидл ја отстрани политиката од Мекларен

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, го пофали новиот тимски шеф, Андреа Сеидл за тоа што ја отстранил политиката од тимот од Вокинг...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...