Хамилтон: Не сум некој кој подлегнува на притисок

Луис Хамилтон имал запуштена фигура по квалификациите во Америка, додека размислувал околу неговиот пласман на петта позиција во сесија која тој ја опиша како “можеби најлоша во подолг период“.

Тоа е показател за неговата конкурентност и неговиот постојан поход кон поголем успех, што човек кој е на прагот да ја освои својата шеста титула, што пак ќе го стави на едно место подолу од Михаел Шумахер, да се грижи за неколку лоши квалификациски кругови.

Пол позиција или не, математиката е во голема полза на Хамилтон пред трката што е скоро невозможно дека тој да не заврши со титула. Се доколку Ботас не стигне до победа, а Хамилтон не се пласира подолу од 8та позиција, шампионатот е негов. Дури и Ботас да не заврши на прво место, Хамилтон ќе биде крунисан без разлика на неговиот резултат.

Не гледам кон оваа трка посебно. Важна е исто како и сите останати. Не е некоја посебно важна трка за мене. Сеуште има две трки потоа.

Ќе пристапам исто како кон другите. Не гледам да изведам чуда. Работите се случуваат со причина и научив лекција во квалификациите. Ќе гледам нешто негативно да го претворам во позитивно.

Секако, титулата не смее да биде на неговиот ум, но примарен фокус за Хамилтон ќе биде да напредува кон челните позиции во трката. Тоа нема да биде лесно од петта стартна позиција, во модерната Ф1, со чувствителни пневматици кои не смее да се притискаат, но Хамилтон победи од 4то место во Мексико и тој верува дека се е можно.

И да има притисок, Хамилтон вели дека на него не му влијае.

Истиот притисок е цела година. Околностите секогаш се разликуваат. Во Бразил беше последниот свиок, последната трка во Абу Даби со двојни поени за победа во 2014 година, повеќе трки до крајот на сезоната во 2015, 2017 и 2018 година. Тоа не прави голема разлика. Притисокот е сличен и јас не сум некој кој подлегнува на притисок.

Што се однесува до Ботас, тој знае дека на некој начин е готово, но конкурентната гордост го спречува да го признае тоа. Неговата пол позиција во Остин, за прв пат по Унгарија Ферари да не стартува од првото место, е петта во сезоната, а Хамилтон има само четири.

Но Хамилтон победи на 10 трки, а Ботас на само 3, а во игра се гордост и конкурентен инстинкт, како и за Себастијан Фетел, Макс Верстапен и Шарл Леклер, кои ќе сакаат да го зголемат бројот на победи.

Тој води во првенството со голема предност и не му се потребни многу поени за да ја освои титулата. Сигурен сум дека ќе сака да ја освои титулата на добар начин, но јас ќе дадам се од себе да го одложам тоа и ќе се фокусирам на мојата трка, наместо на другите – вели Ботас.

Викендов има/имаше две титули за освојување од британски спортисти. Едниот обид беше неуспешен откако Англија загуби во финалето од Светскиот Куп во Рагби од Јужна Африка.

Хамилтон не бил во можност да го гледа натпреварот бидејќи истиот започна во 4 часот наутро по локално време во Остин.

Ги видов главните инсерти додека појадував. Очигледно се чувствувам лошо за момците, едноставно бидејќи знам колку е тешко да се функционира на тоа ниво, да се стигне толку далеку, со толку притисок, притисок од дома и да се посакува титулата.

Навистина ми е криво за нив бидејќи тие завршија неверојатно добра работа. Но очигледно играа против одлична екипа. На такви денови, учите многу и не треба да се демотивираат и се надевам дека ќе притискаат во иднина.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX