Хамилтон откри дека нема никаков интерес за Формула Е

Актуелниот светски Формула 1 првак и лидер во шампионатот, Луис Хамилтон, откри дека нема никаков интерес да вози во Формула Е и покрај неговите еколошки идеали.

Возачот на Мерцедес е поддржувач на диетата со растителна храна и се повеќе работи како поборник за подобра животна средина преку неговите профили на социјалните медиуми.

Формула Е првакот, Жан Ерик Верн, неодамна изјави дека електричната серија помага против климатски промени, промовира електрични возила како своја примарна цел, по што откри дека го очекува Хамилтон да се појави на трка во “зелената“ тркачка серија по крајот на својата Формула 1 кариера.

немам никаков интерес за формула е и тоа не е нешто што во моментов го планирам по крајот на формула 1 кариерата.

Неговите еколошки коментари на Инстаграм наидоа на крикики од многумина кои го нарекоа хипокрит за тоа што промовира еколошки вредности, а се трка во ултра загадувачката Формула 1 и патува со приватен авион низ цел свет.

Сепак, британецот призна дека е тешко за луѓето од надвор да признаат дека некој Формула 1 возач е еколошки свесен.

луѓето ми замеруваат за начинот на кој ги користам социјалните медиуми, но тоа е мој профил на платформата. сите имаме право на глас и секој одбира како ќе го користи својот профил.

јасно е дека патувам на секаде низ светот и возам формула 1 болид, секако дека карбонскиот отпечаток ми е повисок одошто просечниот човек кој живее во град, но тоа не значи дека треба да сум исплашен да проговорам за позитивни промени. секогаш барам начин како да ги подобрам работите кои не ми се допаѓаат во светот.

со тек на време станувам се посвесен, но не постои брзо решение на тие проблеми, потребно е време да се разбере се. се работи за образование, а јас само се обидувам да потенцирам што не е во ред. како луѓето ме сфаќаат е до нив, не можам да влијаам на тоа, но чувствувам дека правам нешто позитивно – појасни хамилтон.

НАЈНОВО

Најдобар зимски тест за Мекларен во последните неколку години

Екипата на Мекларен има позитивно чувство откако тимскиот шеф, Андреас Сеидл, изјави дека ова е нивниот најдобар зимски тест во последните неколку години што...

популарно

Ферари го решиле проблемот со болидот

Познатиот Лео Турини, инсајдер со темелно познавање на состојбите во Ферари, откри дека во Маранело се на вистински пат со својот болид откако минатиот...