- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хамилтон реагира на интересот од Ферари

Луис Хамилтон се заблагодари на тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, за неговите пофалби од скоро, во екот на шпекулации дека светскиот шампион можеби ќе премине во Маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Биното во Абу Даби изјави дека е среќен што Хамилтон нема договор за 2021 година, додека Gazetta dello Sport тврди дека Хамилтон се сретнал во два наврати со претседателот на Фиат Крајслер, Џон Елкан, во 2019 година, а потенцијален договор не е невозможен.

Пред да коментира на ситуациите, Хамилтон истакна дека можеби Маранело го менува мислењето за него.

Мислам дека тоа е прв комплимент кој сум го добил од Ферари во овие 13 години!

Искрено, не паметам дека некогаш ме спомнале, така што, ви благодарам! Го прифаќам тоа. Тоа не значи ништо, сепак тоа се разговори, но добро е што конечно, по толку многу години, тие да ме пофалат. Благодарен сум.

Тоа е позитивно. Никогаш не е губење на време да бидете добри кон некого. Помина долго, долго, долго време и тоа е тим кој секогаш сум го почитувал, така што почит од некој во таа екипа кој е на висока функција не е лоша работа воопшто.

Мислам дека веќе имаат двајца одлични возачи, така што кој знае што ќе се случи на пазарот во текот на следната година. да бидам искрен, не сум фокусиран на тоа моментално. Само се обидувам да завршам силно во оваа сезона.

Имам неверојатна група на луѓе позади мене каде што сум и сметам дека им должам да дадам се за нив, особено бидејќи сеуште сум под договор, а преговорите не започнале сеуште!

Искрено не знам како ќе се одвива следната фаза во договорите. Помалку е чудно што треба да преговарате нов договор скоро една година пред да истече. Ќе видиме.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Норис со ограничен тренинг поради болки во грбот

Ландо Норис одлучил да го ограничи своето возење во Т2 за втората трка во Австрија во обид да ја намали болката во...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и...