Хамилтон: Сакам да бидам најчист возач во Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Оваа година се води жестока борба за титулата помеѓу Луис Хамилтон и неговиот жесток ривал, Макс Верстапен, но сепак за Хамилтон е најважно како тој ќе победи и ќе ја постигне целта. 

Тој сака да стигне до целта на чист начин, нешто што е многу ценето во спортот иако многумина не се загрижени околу начинот на постигнувањето на целите. 

Така ме одрасна татко ми, Така ми зборува кога е покрај патеката. Ме задеваа како дете, во училиште и на патеката и сакав да ги победам на вистинскиот начин без да имаме судар.

Подоцна нема веќе начин како да ти кажат дека не си добар. Доколку се судираш често тогаш ќе мислат дека тоа ти е тактиката. Сакам да бидам чист возач, брз и преку напорна работа да стигнам до целта – објасни седумкратниот првак.

Двајцата возачи имаа тешки судари на Силверстон и Монца, а последна контроверза е исфрлањето на Хамилтон од патеката кога се обиде да го престаса Верстапен на Бразилското Гранд При.

Мора да си многу претпазлив, Не треба да се даде можност за сомнеж и Секогаш треба да избегнеш судар дури и ако тоа те натера да одиш прешироко.

Доколку си тврдоглав ќе се удриш, Но мора да најдеш начин да го избегнеш тоа. Верстапен не е единствениот агрсивен возач против кој сум се тркал. Како стареам така го сфаќам нивниот карактер. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема