0 ден

Нема производи во кошничката.

Хамилтон се извини за грешката при крајот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Луис Хамилтон изјави дека ја уништил својата трка откако направил грешка со која падна на 9та позиција на трката во Сингапур.

Во доста интересен ден за Хамилтон, тој стартуваше од трета позиција и поголемиот дел од трката го помина зад Карлос Саинз од кој ја загуби позицијата на почетокот од трката. Во 33от круг, тој се заби во бариерата на седмиот свиок и го скрши предното крило. Се врати назад на патеката зад Норис и пред Верстапен, но мораше да влезе во боксот за да промени предно крило и излезе на деветта позиција зад Фетел.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Речиси до крајот на трката се бореше со Фетел и Верстапен пред него и зад него и на крајот повторно направи грешка поради која заврши на деветта позиција.

Мислев дека со андеркат ќе можам да се борам, но се покажа како коцка. Се надевав дека ќе можам да ги загреам гумите и да успеам, но се пропадна. Се извинувам на тимот и ќе продолжиме да учиме.

И покрај резултатот, Хамилтон имаше позитивен викенд бидејќи беше најбрз на првиот тренинг и се квалификвуаше на трета позиција.

Мислам дека имавме добар викенд, но немавме среќа. Мислам дека на крајот ја направив грешката. Тогаш ми пропадна целиот труд и како да ми се откина дел од срцето.

Тој останува на шеста позиција кај возачите со 32 поени зад Саинз и 70 пред Норис.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Мерцедес именуваа улица по Лауда во Брекли

Мерцедес го преименуваше патот што минува низ нивниот технолошки кампус во Брекли по трикратниот светски шампион Ники...

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на...