- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хамилтон убеден дека гумата му се дупнала од остатоци на патеката

Луис Хамилтон е убеден дека остатоци од болиди на патеката се виновни за неговата дупната гума во последниот круг од Британското Гранд При на Силверстон, инцидент кој можеше да го чини победа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Британецот доминираше на Силверстон и водеше во текот на сите кругови од настанот, но целната линија ја мина со дупната предна лева гума и Макс Верстапен блиску зад себе иако водеше со над 30 секунди предност.

Од Мерцедес најавија детална и теелна истрага за тоа што се случило откако Валтери Ботас загуби второ место и не заврши во поени, а уништена трка од пневматикот имаше и Карлос Саинз.

искрено верувам дека возев многу добро и одлично ги менаирав гумите, колку што знаев и умеев. валери многу ме притискаше на почетокот на сериите, така што онаму каде што можев менаџирав за да го задржам надвор од дрс и да ја намалам можноста да ме мине.

тој имаше одличен ритам денеска, но знаев дека во еден момент неговите гуми ќе деградираат затоа што видов дека брза и не менаџира многу. неговиот заостаток стануваше се поголем и јас почнав да се чувствувам мирно и убедено дека можам да одработам до крајот – појасни хамилтон.

Актуелниот првак е убеден дека остатоци од болиди на патеката, веројатно од оној на Киим Раиконен биле виновни за уништените гуми. Кими го загуби предното крило не многу пред гумата на Луис да се дупне и факт е дека остави некои делови на патеката, но и претходно имаше контакти помеѓу Кевин Магнусен и Алекс Албон, а се изврте силно и Даниил Квјат.

ќе биде интересно да видиме што ќе донесе истрагата и што точно го предизвикало оштетувањето, но убеден сум и цврсто верувам дека се остатоци на патеката. имаше многу нечистотија, имаше болид без мене, не знам дали беше кими или некој друг, кој загуби голем дел одпредното крило, буквално се откачи пред мене во еден круг.

од безбедносното возило имаше остатоци се до маготс и бекетс и не мислам дека убаво беа исчистени. гумите беа добри денеска и во еден момент знаев дека можам да притискам и со одлини кругови да направам предност.

ќе видиме што точно се случило, но мора да повторам дека мојата брзина и менаџирањето беа безгрешни.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Кубица го предупреди Фетел: Нема да биде лесно во Астон Мартин

Полскиот возач Роберт Кубица, смета дека Формула 1 треба да биде среќна што Себастијан Фетел останува на гридот следната година. Откако уште во Мај Скудерија...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од...