- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хамилтон: Човековите права се проблем во некои земји

Луис Хамилтон верува дека Формула 1 може многу да направи во однос на почитувањето на човековите права во некои земји кои се јавуваат како организатори на Гранд При трки. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Одлуката на Формула 1 да организира трка во Саудиска Арабија наиде на многу неговувања бидејќи некои организации сметаат дека земјата не ги почитува човековите права.  Хамилтон е отворен активист за човекови права и многу често носеше маички со антирасистички пораки и клекнуваше кога се интонираа химните. 

Тој отворено зборува дека пристуството на Формула 1 може да ги натера некои земји да превземат одредени чекори за подобрување на човековите права. 

Секако дека човековите права се голем проблем во некои места каде патуваме. Мислам дека оваа година е важна не само за нас и за спортот, туку за користење на спортот како платформа за промени. Мислам дека може да се оди во позитивна насока.

Некои чекори веќе се превземени, но важно е да се осигураме дека одиме во правилна насока. Потребна е уште работа во позадина – смета седумкратниот првак. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно