Херберт: Шумахер мора да се докаже годинава

Поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер во Бенетон, Џони Херберт, вели дека сезоната во 2020 година во Формула 2 ќе биде исклучително важна за синот на седумкратниот шампион, Мик, доколку сака да напредува кон Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мик Шумахер имаше непосакувана деби сезона во Формула 2. Откако ја уништи конкуренцијата во Формула 3 во 2018 година кога и ја освои титулата, 20-годишниот возач освои само една победа во Формула 2 во 2019 година.

Најверојатно е важна сезона годинава. Ако останете во Формула 2 предолго, ако возите четири години, што се сличило неколку пати, за возачи како Пастор Малдонадо и Џулион Палмер, не се претвори во нешто посебно успешно. Тој мора да се докаже, според мене, годинава.

Не би ја квалификувал годинава за него неверојатна, како на пример со Ландо Норис и Џорџ Расел. Победата во Унгарија беше многу добро контролирана, многу зрела на начинот на кој се грижеше за пневматиците. Знам дека стартуваше од пол позиција, но тоа беше добра победа. Според мое искуство, кога имате таква победа, ви расне самодовербата. На следната трка, перформансите се подобруваат. Со Шумахер, неговите перформанси не се подобрија. Тој заврши на седмо или осмо место.

Тоа беше негова прва сезона, но сите тие кои ќе се покажат во пониските серии, успеваат. Тоа е како ситуацијата со Џорџ и Ландо.

Мик беше добар, но му треба подобрување. Знам дека Ферари рекоа дека тој е опција и слични работи. Малку е рано за Мик, но неговото однесување е многу добро. Тој е добар млад човек, Но резултатите говорат. Тоа е важното нешто. Беше ОК кога го направи тестот со Ферари и Алфа Ромео, слушнав само шпекулации за горивото и пневматиците, така што е тешко да се прогнозира.

НАЈНОВО

Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Со цел да...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...