Херез сака трка од 2021 година

Официјалните лица на автодромот Херез преговараат со шефовите на Формула 1 за враќање на Големата награда на Шпанија на нивниот автодром на југот на државата.

Шпанското Гранд При се одржува на патеката Барселона-Каталуња од 1991 година, а по трката оваа сезона добија само едногодишно продолжување на договорот со Либерти Медиа.

Медиумите во Шпанија пренесоа дека челниците на Circuito de Jerez бараат од Формула 1 тригодишен договор за организација на Големата награда на Шпанија и тоа од 2021 година до 2023 година. Градоначалникот на Херез, Мамен Санчез потврди дека работат на враќање на автодромот на Формула 1 календарот.

ќе продолжиме да работиме во тој правец, но тајно и поради тоа бараме и сите останати да го третираат овој процес така – изјави градоначалникот.

Херез има оценка од ФИА од највисока класа и беше организатор на Шпанското Гранд При од 1986 година до 1990 година, а во 1997 година имаше уште едно појавување на календарот, но како Европско Гранд При.

Патеката остана дел од Формула 1 како популарен автодром за тестирање и официјални презентации во текот на зимата. Последен пат предсезонските тестови се возеа на југот на Шпанија во 2015 година.

Во 2017 година патеката беше домаќин на Формула 1 и ГП3 првенството, трка на која Шарл Леклер и Џорџ Расел ги освоија своите титули. Од 1989 година МотоГП трката редовно се одржува таму.

НАЈНОВО

Рејсинг Поинг признаваат дека го сакаат Кубица

Од Рејсинг Поинт признаваат дека се заинтересирани за услугите на Робрт Кубица за следната тркачка сезона. Медиумите шпекулираат дека за веќе поранешниот возач на Вилијамс...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...