Хил: Ред Бул беа изненадени од Мерцедес во Турција

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Поранешниот Формула 1 шампион, Дејмон Хил, смета дека Ред Бул биле изненадени и шокирани од перформансите кои Мерцедес ги покажа на Турското Гранд При.

Иако Макс Верстапен и Серхио Перез завршија на 2ро и 3то место соодветно, никој не беше ни блиску до перформансите и позицијата на победникот Валтери Ботас кој победи од пол позиција и освои поен за најбрз круг во ситуација во која Хамилтон отслужуваше казна од 10 позиции поради промена на мотор.

мислам дека мерцедес имаат предност. искрено, по турција бев шокиран, а мислам дека и ред бул беа целосно изненадени од формата на мерцедес. валтери беше фантастичен и заслужува многу пофалби за тоа што го нарави. луис исто така многу добро се врати во ритам и покрај тоа што имаше казна, но болидот на тимот беше доминантен.

мерцедес беше одличен во турција, имаа одлични перформанси. но, гледајќи ги анализирајќи ги патеките до крајот на сезоната, мислам дека тие многу повеќе одговараат на ред бул. но, некои патеки за кои се сметаше дека ќе бидат добри за ред бул, испаднаа добри за мерцедес, така што сезонава нитшо не се знае – вели хил.

Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко не пропуштаат да изразат сомнеж за перформансите на нивните конкуренти, а Хил е свесен дека тоа ќе станува се посилно како што се ближи крајот на првенството.

тоа што кристијан го вели е дека имаат некакви придобивки од перформансите на моторот, особено фабричкиот тим. имаме и други екипи кои го возат нивниот мотор и кои велат дека имаат се што има и фабричката екипа, но нема ништо чудно во моторот. тензијата е се посилна, а ако загубите, секако дека ќе барате оправдување.

мислам дека ред бул бараат начин да го објаснат својот заостаток затоа што јасно е дека имаат подобрен мотор на хонда, но губат на патека од мерцедес.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема