0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Холандија: Втора последователна домашна победа за Макс

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Победа број 33 за Макс Верстапен во кариерата и втора последователна на домашната трка за него откако во интересна трка каде клучни беа гумите, триумфираше пред Џорџ Расел и Шарл Леклер.

Во пресрет на трката, од најдобрата десеторка, единствено Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Ландо Норис тргнаа на медиум, жолто маркираните гуми, останатите беа на рвен софт.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Серијата промена на гуми кај водечките прв ја отворија Карлос Саинз и Серхио Перез во 15от круг и двајцата променија на медиум. И додека Ред Бул го сервисираа Чеко за 2 секунди, Ферари менуваше за 12 секунди откако механичарите заглавија со задната лева гума. И додека Перез се врати на патекатан. 8мо место, Карлос се врати три позиции поназад, а влезе како третоплаисран.

Во 17та обиколка, по свежи медиум влезе и Шарл Леклер, но неговата промена беше одлична и се задржа само 2,5 секунди, враќајки се на 4то место. Истиот круг по свежи гуми влезе и Ландо Норис кој беше 5ти. Следниот круг по свежи гуми влезе и лидерот Верстапен, задржувајќи се бавни 3,4 секунди за стандардот на тимот. Сепак, тој се врати пред Ферари на патеката. По овие промени, Мерцедес се најдоа на водечките две позиции.

Во 20от круг на стартната рамнина, Саинз го претекна Александер Албон за 6то место со Серхио Перез пред себе, возачот од кого беше минат при промената на гуми.

На почетокот на 28от круг, Макс Верстапен се доближи доволно блиску до Џорџ Расел, нападна и мина под ДРС на стартниот праве, превземајќи го 2то место од возачот на Мерцедес.

Во 29от круг Луис Хамилтон за прв пат влезе по нови гуми и доби хард, губејќи го водството и враќајки се на патеката на 5то место, зад Перез, но пред Саинз. Два круга подоцна, буквално последен од сите возачи, нови хард доби и Џорџ Расел кој беше на 2ро место пред да влезе на промена, а се врати на 5то место, зад својот колег Хамилтон.

На почетокот на 37от круг на стартниот правец под ДРС, Луис Хамилтон го претекна Серхио Перез и му го превзема 3то место на кое се наоѓапе мексиканецот откако круг претходно Чеко успеа со многу ризик да се одбрани.

Два круга подоцна, Пере загуби позиција и од вториот Мерцедес, возен од Џроџ Расел кој исто така со ДРС го мина на стартниот правец и тоа полесно одошто својот колега.

Во 41от круг, Серхио Перез влезе во гаража по нови хард и бепе експресно сервисиран за 2,3 скунди, губејќи две позиции, една од Саинз, друга од Норис. На Чеко му требаа само три круга пред да врати позиција од Норис.

Во 44от круг Јуки Тсунода застана крај патеката затоа што гумите не беа соодветно монтирани на неговиот АлфаТаури болид и беше развеано жолто знаме откако тимот му кажа дека гумите се добро наместени.

Во 46от круг Шарл Леклер влезе во бокс и промени на хард гуми, сервисот траеше 2,5 секунди, влезе како второпласиран, а се врати на патеката на 4то место, губејќи две позиции од болидите на Мерцедес.

Во 47от круг, Тсунода влезе во бокс по свежи гуми, но нешто друго било проблем кај неговиот болид, се врати на птеката и застана крај истата носејчи виртуелно безбедносно возило. Ландо Норис и Фернандо Алонсо го искористија ова и влегоа по софр гуми, додека по нив промени и лидерот Версрапен но доби хард компонента. Менуваа и во Мерццедес, Хамилтон доби медиум, а веднаш по него истото беше направено и со Џорџ Расел. Виртуелното безбедносно возило беше на сила до 50от круг.

Во 55от круг на крајот од стартниот правец застана Валтери Ботас поради дефект на болидот, најпрво беше развеано жолтото знаме. Во тој момент, Саинз го мина Окон, но доби сугестија од тимот да му ја врати позицијата затоа што претекна под жолто знаме. На контролата на трка и требаше цел круг за да донесе безбедносно возило.

Безбедносното возило го искористи Верстапен за сет софт, истото го нарпави и Шарл Леклер, Серхио Перез, Џорџ Расел и Карлос Саинз од водечките. Така на медиум остана само Луис Хамилтон кој ја поведе трката и Серхио Перез кој беше 5ти. На крајот од 60от круг, Безбедносното возило се повлече од трката и следуваа први два круга без ДРС.

Макс прлесно го мина Хамилтон при рестартот на трката на астартниот правец, Луис немаше грип да го задржи водството, додека Саинз лесно за 5то место го претекна Перез.

Во 64от круг, Хамилтон загуби уште една позиција, овој пат од својот тимски колега, Џорџ Расел кој го мина на стартниот правец. Два круга подоцна, Луис загуби уште една позиција, овој пат од Шарл Леклер и подиумот веќе беше минато за него.

Во 69от круг, Контролата на трка реши Карлос Саинзда добие 5 секунди поради тоа што беше небезбедно пуштен на патеакта при масовната промена на гуми а време на Безбедносното возило. Шпанецот излезе како победник од дуелите со Перез и не дозволи да биде минат.

Макс Верстапен втора година по ред триумфираше на домашното Холандско Гранд При пред Џорџ Расел и Шарл Леклер. Луис Хамилтон се спаси и финишираше на 4то место пред Карлос Саинз и Серхио Перез. Во поени завршија и Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Естебан Окон и Ленс Строл. Поради казната од 5 секунди, Карлос беше 8ми, така што Чеко, Нандо и Ландо напреднаа по една позиција.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...

Биното и Ферари бараат двојна казна за Перез

Шефот на Ферари, Матиа Биното, верува дека победникот на Големата Награда на Сингапур, Серхио Перез, треба да...

Перез: Немам поима зошто сум под истрага

Серхио Перез вели дека не разбира зошто се соочува со истрага од стјуардите за прекршок при безбедносното...