Холандија: “Лудиот Макс“ беше премногу за Мерцедес

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Макс Версрапен беше преголем залак за Мерцедес на домашното Холандско Гранд При и без проблеми стигна до својата 17та победа во кариерата, враќајќи си го првото место во возачкиот поредок кое го загуби на последните две трки.

Луис Хамилтон заврши на 2ро место за својот 175ти подиум во кариерата, дојде и до најбрз круг во последниот круг од трката, така што оваа трка му донесе негатива од 6 поени во однос на Макс. Третото место му припадна на вторито возач на Мерцедес, Валтери Ботас кој буквално денеска возеше за Хамилтон, но и покрај тоа стигна до својот 63ти подиум во кариерата.

Нема кој не го пофали Зандворт и возењето по него, но се покажа дека претекнувањето беше вистинска реткост. Стртот не донесе ништо интересно затоа што речиси сите беа претпалзиви и си ги задржаа позициите освен Мик Шумахер кој со својата агресија го оштети предното кригло и во 6от круг мораше во бокс.

Сите возачи на почетокот тргнаа на софт, освен Расел, Норис, Кубица, Мазепин и Латифи кои стартуваа на жолто маркираниот медиум.

Јубилеен за Макс Верстапен беше крајот на 9от круг по кој тој стана најмлад возач кој има водено 1.000 кругови на Гранд При тркачки викенд.

Од водечките, Луис Хаилтон прв влезе по нови гуми во 21от круг, промени од софт на медиум и веднаш следниот круг го повлече Макс Верстапен кој исто така промени на медиум. Три кругови подоцна нови медиум зема и Пјер Гасли кој цела трка се возеше на 4то место, пред двете Ферари.

Промената на Луис и МАкс ги донесе зад Валтери Ботас, кој имаше задача да го забави Ред Бул и да го донесе на тој начин Луис побелиску до Верстапен. До 30от круг Макс дојде зад Ботас и го мина со ДРС, а секак многу брзо потоа финецот го пропушти својот колега. Валтери во неколку стотици метри од прво падна на 3то место и следниот круг влезе по свежи гуми.

Тандемот на Ферари влегоа во бокс во 32от односно 35от круг, прв промени Саинз, а потоа и Леклер, и двајцата земаа нови хард, согласно препораките на Пирели за најдобра стратегија.

Мерцедес беа свесни дека Верстапен се одлепува од Хамилтон, така што по само 18 кругови на медиум, решија да ризикуваат затоа што имаа сет нов медиум, кој Макс го немаше. Така, Хамилтон во 39от круг влезе по свежи медиум, а Верстапен одговори следниот круг со свежи, но бело маркирани хард.

Кругот број 44 беше последен кој го одработи Никита МАзепин пред а се паркира во боксот, а Јуки Тсунода го направи истото 6 кругови подоцна.

Во 56от круг Серхии Перез влезе во поени претекнувајќи го Даниел Рикардо од Рено, 10 кругови подоцна го мина и Ландо Норис за 9то место, а кон крајот на трката негова жртва беше и Естебан Окон по што заврши на 8мо место и беше прогласен за Возач на денот.

Четири кругови пред крајот поточно во 68от круг, свежи софт зема Ботас и многу брзо потоа постави и најбрз круг. Хамилтон го стори истото два круга подоцна и постави нјабрзо време буквално во послендиот круг.

Последниот круг беше возбудлив и порати тоа што на крајот на стартниот правец Фернандо Алонсо го мина својот сонародник Карлос Саинз и му го превзема 6то место.

Верстапен беше недопирлив за Мерцедес и ги остави зад себе Хамилтон и Ботас, додека Пјер Гасли повторно беше фантастичен и беше 4ти, пред Шарл Леклер од Ферари. Со маневарот во последниот круг, Алонсо заврши на 6то место пред Саинз, а Перез додје до 4 поени и 8мо место. Естебан Окон беше 9ти, а Ландо Норис освои поен.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема