Хонда се заблагодари на партнерите и фановите

Шефот на Хонда Ф1, Тојохару Танабе, вели дека снадбувачот со мотори ужива во ветувачка сезона, благодарејќи на сите напори од тимските партнери и членови, како и поддршката од многуте фанови.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хонда стигна до првата победа во хибридната ера во 2019 година, благодарејќи на Макс Верстапен од Ред Бул, кои стигнаа до 3 победи сезонава и тоа во Австрија, Германија и Бразил. Во Абу Даби јапонците имаа тројца возачи во поени.

Еден возач на второто место на подиумот и три болида вкупно во поени беше добар крај на сезоната. Уште една силна трка за Макс во која заврши добра работа при менаџирање на пневматиците и имаше одличен маневар над Леклер за втората позиција. Тој го потврди третото место во генералниот пласман.

Ова беше прва наша сезона во хибридната ера да работиме со две екипи, со кои комуницираме многу добро, што ни дозволува да направиме голем чекор напред.

Би сакал да се заблагодарам на двете екипи, нивните членови кои работат на патеката и сите во фабриките во Јапонија, Италија и Велика Британија, како и на нашите снабдувачи.

Имавме и поддршка од други оддели во Хонда, така што целата компанија беше дел од подобрените перформанси годинава. Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови кои не поддржаа.

Ова беше ветувачка сезона, но тоа што го постигнавме не е тоа што го посакуваме сеуште, така што ќе продолжиме да притискаме.

НАЈНОВО

Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...