Хонда со моторот на максимум на последните две трки

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Се чини дека Ред Бул имаат некаков проблем со задните крила на своите болиди откако механичарите многу често се гледаат како работат на истите за време на викендите.

Крилото на Верстапен страдало од вибрации при голема брзина за време на Гранд При трката во Катар.

Одлично информираниот Мајкл Шмид од германски Auto, Motor und Sport, Ред Бул имаат сериозен проблем со своето задно крило и треба многу повее да внимават на него одошто на она што Мерцедес го работи.

Во Катар, Ред Бул го променија задното крило во она што го користеа во Монако и тоа во последен момент пред квалификациите откако се појави проблем со нивниот ДРС. Крилото од Монако е со најголема можна потисна сила и тоа е она кое било тестирано од страна на ФИА по трката, но користењењ на истото секако дека значи оти немало совршен баланс. Според Шмид, Ред Бул морале да променат затоа што Мерцедес сакале да се бунат на нивното крило по квалификациите, а се верува дека имаат проблем кој не може да го решат.

Мерцедес се свесни дека проблем со ДРС носи корист, затоа што го преживејаа тоа со Луис Хамилтон во Бразил, тој беше дисквалификуван поради наводно скршено задно крило кое имало поголем ДРС отвор од максимално пропиашниот.

Според Шмид, Ред Бул прават се што можат за се да компензираат во Абу Даби и Саудиска Арабија и да имаат болид кој ќе може да се носи со Мерцедес на патеката. Нема повеќе никаква смисла да се тетира ново крило.

Исто така, новинарот потврдува дека Хонда ќе се реши да ја пушти во оптек целата моќ од својот мотор за последните трки, откако Мерцедес очигледно иамат предност од новиот агрегат на Хамилтон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема