Хонда стави вето на враќањето на Алонсо во Андрети

Доколку Фернандо Алонсо сака да вози на престижниот Индианаполис 500 оваа година и повторно да нападне за тројната круна во моторспортот, тоа ќе траб да го направи во екипа која не вози со мотори на Хонда.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Медиумите пренесуваа дека шпанецот бил во контакт со Андрети Аутоспорт да се трка за нивниот престижен тим пред јапонците од Хонда да стават вето на таквиот трансфер. Според медиумите Нандо требало да се трка со број 29 крај Александер Роси, Рајан Хантер Реј, Брајан Херта и Марко Андрети.

RACER пренесе дека Хонда ставила вето на договорот во последен момент откако јапонците не може да му простат што нивниот Формула 1 агрегат во 2017 година го нарече “ГП2 мотор“ и со тоа им нанесе штета на угледот и реномето.

Ваквиот развој на настаните го става Алонсо единствено во тим што вози Шевролет за 2020 година, а тоа се ограничен број на места во Пенске, Ед Карпентер Рејсинг, Ероу Мекларен СП, Драјер и Реинболд Рејсинг, ДрагонСпид, Жункос Рејсинг и Еј Џеј Фојт Рејсинг.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...