Хонда убедени дека ќе имаат силен мотор и покрај паузата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во Хонда се убедени дека ќе успеат да бидат на нивото на своите ривали кога ќе се вратат во спортот како доставувачи на мотори во Астон Мартин од 2026 година и покрај 18-месечната пауза.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хонда се повлече од Формула 1 како официјален снабдувач со мотори на крајот на шампионската 2021 година иако продолжи да дава огромна помош во Ред Бул и АлфаТаури под својот ХРЦ бренд. Но, откако Формула 1 почна да притиска со одржливоста и електрификацијата, тие решија да се вратат официјално во спортот преку Астон Мартин од 2026 година.

Според шефот н аХРЦ, Коџи Ватанабе, постепеното напуштање на спортот од страна на Хонда ќе биде одлично затоа што ќе им заштеди многу месеци развој на моторот споредено со оние кои почнуваат од самиот почеток.

сакам да потенцирам дека ние континуирано снабдуваме мотори на барање на ред бул дури и ден денес, така што работиме на формула 1 трките. што се однесува до новите правила од 2026 година, континуирано сме вклучени во сите анализи на важните работи за новата регулатива и поради тоа нашите развојно-истражувачки работи не се престанати. за разлика од претходно кога бевме целосно повлечени, овој пат не е така – посочи ватанабе.

Ситуацијата во Хонда во моментов е целосно различна од 2015 година кога влего во спортот како целосно нов производител и целосно неподготвени за турбо хибридната ера. Првично се мачеа со силата, перформансите и издржливоста на моторот, а најголема мака беше топлинскиот МГУ-Х дел од Системот за повраток на енергијата, нешто што нема да го има во следните мотори.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шефот на ХРЦ посочи дека Формула 1 персоналот бил распределен на различни проекти за истражување на оджливоста и неутралноста во однос на загадувањето, но под името на ХРЦ продолжиле да се водат истражувања за насоката на следните мотори, по што на крајот била донесена одлука да се вратат и официјално во тркачката серија.

се до март лани бевме целосно вклучени во развојот на моторите за таа 2022 година, така што персоналот е сеуште тука. но, постепено почнавме да го пренасочуваме персоналот на други еколошки проекти и нивниот број целосо посветени инженери кои работат на моторот од април во 2022 година почна да се намалува.

во април, хрц (Honda Racing Corporation) беше осноана која ќе работи само на моторспорт трките и таа остана вклучена во студии и развој на технологија за автомобили и комерцијални студии за новите формула 1 правила.

поради тоа знаеме дека не сме загубиле многу од повлекувањет, барем официјалното од спортот одредено време – објасни ватанабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ