Хонда ќе превземе мерки по откажувањето на Тсунода

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Тојохару Танабе вели дека Хонда ја испитува причината за проблемот со притисокот на горивото што го исфрли Јуки Тсунода од конкуренција на трката во Шпанија.

Тсунода беше единствениот возач кој се повлече на патеката крај Барселона, а неговиот АлфаТаури застана на страна на патеката во свиокот 10 по само 8 извозени кругови.

Јапонскиот дебитант не можеше да стори ништо за да се врати, а неговиот мотор на Хонда самиот се изгасна. Техничкиот директор на Хонда, Танабе, откри дека станува збор за проблем со притисокот на горивото, но причината за тоа сè уште не е позната.

Загрижувачки за Хонда, особено сред шампионскиот амбиции на Макс Верстапен, тоа беше проблем што се разви необично.

Имавме проблем со притисокот на горивото, тој падна.

Ќе ги испитаме причините и доколку е потребно, ќе преземеме мерки со другите болиди. Ние ќе се справиме со тоа.

Одеднаш се случи. На моторот му снема гориво и затоа болидот запре.

Тсунода веднаш му соопшти на тимот дека неговите тркала се заклучиле, а Танабе вели дека тоа е она што се случува кога моторот ќе застане. Останатите три болиди со на Хонда, управувани од Верстапен, Серхио Перез и Пјер Гасли, сите постигнаа поени во неделата. Гасли беше 10ти, Перез на петто место и Верстапен повторно заврши на второто место и повторно зад Луис Хамилтон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема