Хорнер: Издржливоста може да биде ахилова пета за Ред Бул

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, призна дека проблемите со издржливоста може да бидат ахилова пета за тимот оваа сезона.

Конкурентите за титула мораа да го повлечат болидот на Серхио Перез на трката во Бахреин, а во исто време болидот на Макс Верстапен мораше да застане на патеката во Имола за време на тренингот на отворањето за Големата Награда на Емилија Ромања. На прашањето дали издржливоста е грижа за Ред Бул во обидот да го премине Мерцедес оваа сезона, Хорнер изјави:

Мислам дека тоа е ахилова пета за сите тимови, кога секогаш притискате до лимитот.

Очигледно, сигурноста е нешто за кое сте секогаш нервозни, но повеќе сакам да се случи во Петок отколку во Недела.

Мерцедес минатата година имаше само едно откажување во споредба со шестте на Ред Бул, од кои пет беа на Макс Верстапен, што значително го попречи неговио обид да го освои второто место пред Валтери Ботас.

Досега оваа година, проблемот со болидот на Перез во Бахреин беше поврзан со проблем со агрегатната единица на Хонда, додека проблемите на Верстапен во Имола беа до управувачката оска.

Хонда направи значителни подобрувања во својот мотор пред оваа сезона, но откри пред трката за викендот на Имола дека работеле напорно за да превземат контра мерки каде што било потребно по неуспехот на првата трка.

На прашањето дали е задоволен од одговорот на Хонда, Хорнер се насочи кон прашањето, велејќи:

Постојано се обидувате да го развивате вашиот болид каде што можете. Понекогаш е многу суптилно, на некои трки е малку повеќе од другите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема