0 ден

Нема производи во кошничката.

Хорнер незадоволен удри по клеветите од Мерцедес и Ферари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, одговори на тврдењата од ривалите по шпекулациите дека “биковите“ го пречекориле дозволениот буџет за минатата година.

Пишувањата на германските и италијанските медиуми пренесоа дека Ред Бул и Астон Мартин претерале со трошењето, но кај Астон тоа било во мал процент, додека во Милтон Кинс направиле солиден прекршок.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кристијан Хорнер од Сингапур посочи дека неговите информации велат дека нема пречекорување од нивна страна, тоа било евиденднто и при предадените финансиски документи до ФИА уште во месец Март.

Мерцедес и Ферари преку Тото Волф односно Лорен Мекиес побрзаа со барањето за строги занкции на прекршителите на правилото, на што Хорнер незадоволно одговори:

нападнати сме од коментарите кои доаѓаат од двете екипип кои се наши најголеми ривали по изјавите од Петок.

документите од тимот беа предадени на фиа и тоа се доверливи документи, така што не знам од каде излегуваат обвинувањата од ривалите во врска со сметководствениот третман и претераното трошење.

навистина ме интересира да дознаам од кој извор им е таа информација и измислица дека сме го пречекориле буџетот. тоа се неточни изјави кои може само да ни наштетат – посочи хорнер.

Во моментов екипата од Милтон Кинс има доминантна сезона и на патот се да освоја двојна титула, прв пат по 2013 година. Макс Верстапен може уште викендов да го осигура својот наслов, а Хорнер верува дека токму нивната доминација е причина за ваквите обвинувања.

може само да претпотавиме дека не е коинциденција што се шпекулира со вакви работи токму кога макс има можност да ја освои својата прва титула. како по ѓаволите имаат такви информации? од каде дознаа? фиа сама изјави дека сеуште не е завршен процесот.

доколку не ги повлечат своите изјави ние многу сериозно ќе видиме кои опции ги имаме на располагање. неприфалтиво за нас е да сме цел на такви обвинувањ за нешто што не сме виновни затоа што тоа му штети на тимот, на брендот, штети на цела формула 1. навистина ме интересира од каде се тие информации – бесе е хорнер.

ФИА следната недела треба официјално да објави било какви прекршувања на правилото на буџетско ограничување.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Хене: Може да ги победиме сите

Иако оваа година тргнаа силно, Ферари сепак не успеаа да го задржат предизвикот до крај. Нивниот тест...